ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска-Бежоска за СБС: Девизните дознаки од иселениците важни за македонската економија

August 5, 2020 11:23
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Девизните дознаки од иселениците и лицата на привремена работа во странство се важни за македонската економија, оценува гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска во интервјуа за австралиското радио СБС и за е-магазинот „Анторис“.

– Покрај тоа што дознаките се значаен дополнителен извор на приходи за дел од домаќинствата, коишто го подобруваат нивниот животен стандард, тие имаат и пошироко макроекономско значење, зголемувајќи го девизниот потенцијал на економијата. Дознаките се  битен извор на средства во тековната сметка на платниот биланс и придонесуваат за одржување низок дефицит на тековната сметка, вели Ангеловска-Бежоска.

Во интервјуата, гувернерката се осврнува на износот на дознаките во текот на изминатите години, нагласувајќи дека е тешко да се посочи на прецизен износ, поради поголемата застапеност на дознаки во готовина.

– Според нашите проценки што се прават според методологија усогласена со ММФ, износот на овие дознаки, од 2009 година наваму, надминува една милијарда евра годишно, односно изнесува околу 16 проценти од БДП, во просек, посочува Ангеловска-Бежоска.

Во однос на очекувањата за оваа година, гувернерката напоменува дека со оглед нa специфичноста на глобалниот шок предизвикан од пандемијата на ковид-19, еден од каналите преку којшто може да се очекува пренесување на кризата во домашната економија се токму дознаките. Според проекциите на Народната банка, се очекува дека годинава е можно намалување на дознаките, што е во согласност и со очекувањата и проценките на Светската банка за намалување на приватните трансфери на глобално ниво.

Осврнувајќи се на каналите преку кои иселениците и лицата на привремена работа во странство можат да ги дозначуваат парите кон земјава, Ангеловска-Бежоска вели дека со осовременувањето на домашната регулатива од доменот на платежните услуги и нејзиното усогласување со европските директиви, би требало да се појават нови посовремени облици за извршување на платежните трансакции.

– За таа цел, се работи на финализирање на новиот Закон за платежни услуги и платни системи којшто ќе понуди стимулативна регулаторна рамка за појава на нови даватели на платежни услуги, вклучително и во овој дел. Поточно, очекувањата се дека повеќе ќе се користат електронските начини за трансфер на средства, најчесто во форма на платежни апликации коишто би ги нуделе платежни институции и коишто би можеле да имаат и можност за поврзување со сметките во банките на плаќачите и примачите на средствата и кога се наоѓаат на различни континенти. Впрочем, вакви платежни институции веќе постојат во поразвиените земји од Европа, истакнува гувернерката.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

(Видео) Тинејџер од Скопје запали шума во живо на Тик-Ток, се чека реакција од надлежните институции

НАЈНОВО

Портпарол на ИДФ: Хамас е поразен, Палестинците да ги избегнуваат зоните под израелска контрола

October 10, 2025
Скриншот

Пезешкијан предлага изградба на нов главен град на Иран

October 10, 2025

Меџити: Културата, стратешки столб за развој на Чаир и оживување на Старата Чаршија

October 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Кој се плаши од метафорите на Тричко?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Борче Марковски: Кривична против осум физички и едно правно лице за злоупотреби во РЕК Битола од 1,7 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белгиските медиуми: Дуелот со Македонија може да биде решавачки за пласман на СП 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk