Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија на 27. кат на зградата. На терен се пожарникари од Антверпен кои се обидуваат да го изгаснат огнот, пренесе Макфакс.
? #BREAKING [?? #BELGIUM] ? A fire has been broken out on the top of the World Trade Center of #Brussels!pic.twitter.com/SL8SVnCYOY
— ISCResearch (@ISCResearch) August 6, 2020
Според извештаите на медиумите, густ црн дим се издига во воздухот и е видлив од далеку. Командирот на противпожарната бригада информира дека станува збор за голем пожар.
Кулата во моментот не се користи бидејќи се реновира, а во моментот на избувнувањето на пожарот во неа биле присутни само неколкумина работници, кои успеале да се евакуираат на време.