ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ТРИЧКОВСКИ

Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

October 11, 2025 14:06
in ТРИЧКОВСКИ, ZOOM IN, ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Не ми е верно дека народот што на денешен ден пред 84 години ја испукал првата пушка и кренал востание, формирал партизански одреди, па бригади и дивизии, цела армија за ослободување од клетиот фашистички окупатор кој мислел дека тука е на свое и меѓу своите, е ист народ со овој народ кој како мрсул се влече по митинзите на идејните и национални клонови на тие против кои 1941 година фатил оружје и тргнал во битка да формира своја држава и од народна маса да се конституира како нација.
Ако, сепак, се согласиме дека станува збор за ист народ, тогаш можеме да кажеме дека ние како последни ластари на таа лоза сме составени од еден епски подвиг и од една епска деградација. Спремен сум да заклучам дека деградацијата е обид за враќање на територијата и населението во состојба кои биле пред подвигот.Повеќе на населението отколку на територијата.

Ако развојот на настаните, со драматична помош на македонската неукост, коруптивност и трагичен опортунизам и на вморонската глупост, не ја турат во машината за мелење на историските ентитети и феномени и државата. Затоа политичкиот конфликт меѓу Македонците, е надполитички и ги надминува рамките на демократскиот натпревар и се манифестира како форма на граѓанска војна во и за Македонија.
На силите на страната на подвигот и на силите за Македонија пред подвигот.

На сè или ништо.

Динамиката ја одредува отсуството на свест кај сдсм за таквиот карактер на судирот, и свеста на вмро дека сега му е мајката комитското тесто на светите букви да ја исполни комплетната македонска тава и сите други фактори да ги истисне како воздушни меури.

Односот на силите покажува дека се движиме кон фолклоризирање на Македонците со губење на националната лиценца. Затоа што силите на дегрдацијата се надмоќни и се во опасна есенска офанзива на локалните избори.

Не на македонсгвото.

Македонците ќе си останат Македонци, ама испразнети од националната супстанца, димензија и легитимација.

Односот може да се промени само со востание во свеста, со културни пробиви на непријателските редови, со уметнички дронови, со подвизи на духот. Рафинериите на вморонските говњари треба да ги растуриме како што Украинците ги растурија руските капацитети за рафинирање на нафтата.

Односно на смртта.

За нас тоа е милион пати полесно.

Не давајте да ве совлада пропагандата и субјективното чувство дека поразот не ни гине и дека ќе биде тотален.

Инаку, разбрав дека Мицкоски зел тримесечен неплатен одмор за да учествува во кампањата за локалните избори.

Дали е тоа вистина?

Тој убаво знае дека сите негови кандидати се жива мера сало од кое ниту најголемите мајстори не можат да направат добри чварки, демек хомоиди кои немаат поим од суштината на комуната како социокултурен и економски феномен.

Проблемот е во тоа што и премиерот нема поим. Од друга страна се поставува прашањето: работи ли, во меѓувреме, владата. Одржува ли седници, носи ли заклучоци, одлуки, предлага ли закони, какви политики води во оваа бурно историско време.

Прати ли премиерот телеграма со сочувство по повод поразот на другарот Трамп во трката по Нобеловата нагрда за мир и покрај импозантната миротворна активност во која прекина сто и кусур војни откако оставаше едната страна да наебе скроз на скроз.

Натинг.

Скопје, Куманово, Кратово, Штип, блаблабла исти срања, пролив од бесмисла, но како и сите говна, се фаќа и смрди таа ономатопеја дури и кога на враќање дома митингашите ќе се подзамијат.

Ако народот (ич не го сакам овој збор), на локалните избори не покаже знаци на будење и освестување, тогаш слободно можеме во Мууу Зејот на револуционерната борба против слободата да инсталираме восочна фигура на исчезнатиот национално освестен Македонец 1945-2025.

Споменик незнаним јунаку.

Можам да позирам, ако ми дадат добар хонорар.

Морам да завршам со автопарафраза на темата која ме смести во приоритетна категорија на лица за информативни разговори, со експресна полициска достава, очигледно диктирана од највисоко ниво:
На радиоактивните телевизии и портали со лого од кама и пиштол врз пресно комитско говно, оди веста дека на плоштадот вмро е забележан голем куфер во кој, според соопштението на тајната организација

Црвенан фракција, се наоѓа распарчаното тело на Христијан.

Замислете какво разочарување меѓу здравиот дел ор македонскиот народ  ќе се случи кога антитерористичките единици ќе соопштат дека куферот бил празен.

Хахаха!

Среќен празник драги пријатели.

Борбата никогаш не смее да престане.

Грешка беше што многумина, безмалку целата нација, помислија дека слободата е место за уживање.


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА | Личен став на Авторот | Сите права се задржани.

Next Post

(ФОТО) Различни видови куќи низ светот

Shortcut

Најново

Проширувањето на ЕУ и реформите во фокусот на 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции

July 22, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Владата прогласи 30 дневна кризна состојба во Гостивар

July 21, 2026

Филипче од Гостивар: Лошо се менаџира кризата, нема систем, граѓаните се оставени сами да се справуваат

July 21, 2026

Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

July 20, 2026

Вештачката интелигенција во ЕРП-системите: „Најверојатно точно“ не е доволно

July 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Џаред Кушнер (фото извор: The Other 98%)

    The Other 98%: Сомнежи за кокаински пари и фалсификувани тапии зад проектот на Кушнер во Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Драган Тилев за „Фронтлајн“: Европските реформи мора да продолжат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна масовна распределба на вода во Гостивар по прогласувањето епидемија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk