ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Членовите на избирачките одбори ќе добијат за сто проценти повисок надоместок, одлучи ДИК

August 7, 2020 12:48
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија на дешената седница едногласно донесе одлука за сто проценти да бидат зголемени надоместоците на членовите на избирачките одбори, за 20 проценти на членовите на општинските изборни комисии, а здравствените работници што учествуваа во процесот да добијат по 6.000 денари.

– Предложивме нашиот Правилник којшто го донесовме уште во февруари да го измениме заради новонастанатата ситуација со крактите рокови со коишто се соочивме со неколкукратното одложување на предвремените парламентарни избори, но и ковид-ситуацијата која што сериозно можеше да влијае врз здравјето пред се на гласачите, а со оглед дека станува збор за членови на изборни органи коишто учествуваа во спроведување на изборите, нагласи членот на ДИК, Елизабета Постоловска.

Таа рече дека едногласно се согласиле надоместокот на членовите на избирачките одбори да биде зголемен за сто проценти со оглед на тоа дека тие биле најдиреткно изложени на контакт со гласачите и биле изложени на најголем ризик за нивното здравје.

– Исто така го зголемивме надоместокот за 20 проценти на членовите општинските изборни комисии заради организација и успешно спроведување. Ќе ги спомнам и здравствените работници, оние што не се откажаа да бидат членови во посебните избирачки одбори, коишто беа свесни за нивната општествена и хумана одговорност, па според тоа успешно го спроведоа гласањето на лицата во изолација и ковид болни, па поради тоа во нашиот правилник предвидовме нивниот надомест да биде ист за сите 6.000 денари, односно во висина на најголемиот надомест којшто ќе го земе претседател на изборен орган, нагласи Постоловска.

Таа истакна дека сумите не се награда за сработеното, тука се реален надомест за секој учесник во изборниот процес во рамки на неговите обврски и надлежности, што ги сработил усепешно и професионално согласно тешките здравствени аспекти.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски посочи дека сумите што се определени не отстапуваат од буџетскиот лимит, со оглед на тоа што се заштедени средства од предвидените за гласањето на дијаспората, како и за јавни набавки.

Тој уште еднаш нагласи дека техничкиот проблем што настана ноќта кога се објавуваа изборните резултати во никој случаи не влијаел на изборните резултати.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Кис Кам на коцерт од Колдплеј: Директорот на „Астрономер“ фатен во интимна сцена со шефицата, Бајрон јавно се извини

July 18, 2025

Продолжен притворот за обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“, обвинителниот акт доставен до одбраната

July 18, 2025

Од скопјани се бара да штедат вода, но речиси 40 проценти се загуби во системот, а само 37 отсто се фактурира

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Родителите на жртвите од трагедијата во „Пулс“: Премиерот ни рече – ‘Одредете си цена за вашите деца’

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk