ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Младински политики за глобално дејствување – Интернационален ден на младите

August 12, 2020 11:16
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународниот ден на младите, 12 август, со резолуцијата 54/120 на Обединетите нации во 2000 година е усвоен со цел постојано да се унапредува положбата на младите во општеството.

Целта е вклучување на младите во општетвото како клучен фактор за градење и одржување на мирот и безбедноста, но и нивно активно учество во политичките, економските и социјалните процеси.

Меѓународниот ден на младите ширум светот се одбележува со концерти, културни настани, средби на младите со претставници на национални и локални власти и низа други активности. Оваа година поради пандемијата со Ковид-19 овие активности ќе се одвиваат најмногу онлајн.

Денеска Младинискиот образовен форум во кафе -бар „Шортбас“, со почеток во 12 часот организира едночасовна дискусија насловена „Замисли си желба за квалитетна младинска политика“. Настанот ќе вклучи 5 говорници од: МОФ, ХЕРА, Универзитетско студентско собрание, Го Грин и Националниот младински совет.

„Покрај тоа што е Интернационален ден на млади, оваа година на 12-ти август најјасно ќе може да се забележи метеорскиот дожд на Персеидите, па одлучивме да ја искористиме метафората – замислување на желби за подобри младински политики и поактивно вклучување на младите во овие прашања, особено во период формирање на нова влада, законодавен дом и надлежни ресорни министерства“, соопштуваат од МОФ.

Дискусијата ќе опфати теми важни за младите, почнувајќи од квалитетно образование, вработување и отселување, сексуално образование, па се до ментално здравје, и младинско учество. Идејата е да се изработи листа на препораки кои ќе се достават до надлежните институци од новата Влада и Собранието како ново-конституираниот законодавен дом.

Темата на Меѓународниот ден на младите оваа година е „Младински ангажман за глобално дејствување“ со цел пронаоѓање начини на ангажираност на младите луѓе на локално, национално и глобално ниво за подобрување  на национални и мултилатерални институции и процеси, како и добивање дополнителни знаења за тоа како може значително да се подобри нивната застапеност и вклученост во формална институционална политика.

Б. Ј.

Next Post

Лажеше, гледајќи го в очи „народот свој“

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk