Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, вели дека укинувањето на патните трошоци за пратениците е изборно ветување на СДСМ и програмска определба.
Николовски истакнува дека тој и претседателот на СДСМ Заев, потпишале изјави со кои се откажуваат од патните трошоци што им следуваат како на пратеници.
„За да дадеме пример, да бидеме оние од кои оваа иницијатива тргнува во пракса, вчера заедно со претседателот на СДСМ Зоран Заев, ги потпишавме изјавите со кои јас и тој, официјално се откажуваме од средствата кои ни следуваат на имe на патни трошоци.“, напиша на ФБ Николовски.
Ги охрабрувам колегите од сите партии да го следат овој чекор. Да дадеме мал придонес во насочување на што повеќе пари кај граѓаните, кај оние на кои им се најпотребни. “, истакна Николовски.
Ј. Ѓ.