ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: Џафери не може да го претпочита Деловникот наместо Уставот

August 12, 2020 10:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Според Уставот, со верификација на мандатот на пратениците, Собранието е констиутирано. Уставот е највисок правен акт во државата и е хиерархиски далеку над Деловникот на Собранието. Оттука, тврдењето на Талат Џафери дека Собранието не е констиутирано, е спин, вели најновиот Контраспин на „Вистиномер.мк“.

Во изјава за ТВ21 претседавачот со конститутивната седница на новиот состав на Собранието на РСМ, Талат Џафери, даде изјава со која толкува дали Собранието е конститутирано, при што се препознава извртена вистина, т.е. спин:

Спин: Не може без избран нов претседател на Собранието да се смета дека парламентот е конституиран. Ова значи дека сè уште нема кој да го информира шефот на државата за тоа дека е формирано ново парламентарно мнозинство и роковите затоа сè уште не се почнати.

Контраспин: Пратеникот и претседавач со конститутивната седница на новиот состав на Собранието на РСМ, Талат Џафери, ја извртува вистината, т.е. спинува околу прашањето дали Собранието е констиутирано или не, со тоа што вели дека сѐ додека не биде избран нов претседател, тоа не е конституирано.

Ваквото толкување на Џафери треба да резултира со поместување на роковите за давање мандат за состав на новата влада од страна на Претседателот Стево Пендаровски, чиј кабинет, пак, веќе неколку пати повтори дека роковите, според Уставот, течат од 5 август, ден по конститутивната седница на Собранието, која е прекината, откако мандатот на пратениците беше верификуван. Кабинетот на Претседателот, министерката за правда во Владата во заминување, Рената Дексоска и други експерти и политички лидери, кои тврдат дека роковите веќе течат, се во право, а Џафери и другите што го тврдат спротивното, спинуваат – сето тоа произлегува од фактите што ги проверивме.

Факт број 1 е Уставот на РСМ. Членот 63, став 1  од Главата III, Организација на државната власт, точка 1, Собрание на РСМ, е јасен:

Пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието. Мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав.

Бидејќи претходниот претседател Џафери ја закажа седницата за 4-ти август и на нејзе по пребројувањето присуствуваа мнозинството нови пратеници, чиј мандат беше верификуван откако новоизбрната верификациона комисија го потврди мандатот на пратениците, сосема е јасно дека Собранието е констиутирано. Тоа што седницата не е завршена и не е избрана Комисија за избори и именувања, како ни претседател на Собранието, не го менува фактот дека Република Северна Македонија веќе има Собрание. Па, оттука, веќе течат роковите што ги има Пендаровски, согласно член 90, став еден, исто така, од Уставот.

Талат Џафери не го известил Претседателот дека Собранието е констиутирано (најверјатно) зашто тоа го прави Претседателот на Собранието. Но, бидејќи претседател не може да се избере ако нема договор за формирање мнозинство, состојбата е апсурдна и можеби упатува на заклучок дека во иднина овие одредби од Уставот треба да се допрецизираат. Но, ништо од сето ова не го менува фактот дека Собранието е конституирано со самото тоа што е верифициран мандатот на пратениците и дека роковите течат.

Џафери, односно други експерти и политичари кои стојат зад ставот дека Собранието не е конституирано, како поранешниот претседател Трајко Вељаноски, на пример, се повикуваат на Деловникот на Собранието, кој предвидува дека на конститутивната седница се избира и претседател и Комисија за избори и именувања, па додаваат дека на тој начин Собранието не било функционално, итн. Но, сите тие забораваат два факта: Собранието одлуките ги носи со мнозинство од пратениците кои можат да се организираат и без избран претседател, како и фактот дека Деловникот на Собранието е пропис кој е далеку под Уставот на државата како највисок правен акт, со кој треба да бидат усогласени сите други законски и подзаконски акти.

Впрочем, самиот Трајко Вељаноски истакнува дека во современата историја на државата на два пати претседавачот го известувал Претседателот на државата дека Собранието е конституирано, иако не била завршена конститутивната седница. Еднаш тоа го направил Стојан Андов во 2006 година, а вториот пат самиот Вељаноски во 2016 година во декември.

Според тоа, праксата постои, Уставот е над Деловникот и навистина не се докрај јасни вистинските причини зошто Џафери не го известува претседателот Пендаровски дека Собранието е конституирано, односно тие можат само да се претпоставуваат во доменот на политичкото, но не и уставно-правното.

Но, тоа не го менува фактот дека неговото тврдење дека Собранието не е конституирано е извртување на вистината, т.е. спин, заклучува „Вистиномер.мк“.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Адеми: Нема амбиција со онлајн-учење да се замени традиционалниот начин бидејќи тоа е недостижно

НАЈНОВО

Уапсен белгиски полицаец под сомнеж за шпионажа за Кина и Русија

October 12, 2025
Фото: МИА

Хамас сигнализира забрзано ослободување на заложниците – можеби уште вечерва, Израел подготвен да ги прими

October 12, 2025
Скриншот

Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пикси поднесе оставка по поразот на Србија од Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk