ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Евротинк со публикација – водич за поглавјата 23 и 24 од пристапните преговори со ЕУ

August 14, 2020 12:56
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии го објави документот со наслов „Мапирање на институциите од областа на правдата, слободата и безбедноста“, публикација која претставува водич низ комплексната институционална структура важна за областите како контролата на границата, борбата против организираниот криминал, тероризмот, трговијата со луѓе и другите сериозни облици на криминал.

Како што наведуваат од ЕВРОТИНК, документот го истакнува значењето на Поглавјето 24 за Европската Унија, како поглавје кое обезбедува слобода, безбедност и правда на целата територија на Унијата. За Република Северна Македонија, поглавјето 24, се посочува, е од исклучителна важност, бидејќи инструментите со кои се обезбедува слободата, безбедноста и правдата имаат големо влијание кај граѓаните и нивниот интерес и грижата за владеење на правото и справувањето со безбедносни ризици.

-Новата методологија за пристапување во ЕУ го задржува приодот и предвидува почеток на преговорите со отварање на поглавјата 23 и 24 и нивно затворање на крајот на преговорите, односно дури по затворањето на сите останати поглавја. Добриот тек на преговорите во овие две поглавја ќе биде можност за отворање нови поглавја, а неспроведувањето на акцискиот план би значело враќање назад и нема да има можност за отворање на нови поглавја сè додека слабостите не бидат отстранети, појаснуваат од ЕВРОТИНК.

Методолошки, примарниот чекор во преговорите, посочуваат од невладината организација, е услогласувањето на домашното законодавство со правниот поредок на ЕУ, а вториот чекор е создавање предуслови за негово целосно имплементирање.

-Тоа значи, дека за спроведување на овие два чекора неопходно е создавање на силен капацитет, односно мапирање на институциите од областа на правдата, слободата и безбедноста, да управуваат со
процесите на интеграција, како и нивно следење, елиминирање на недостатоците, и секако – учење на лекциите низ евроинтегративниот пат, порачуваат од ЕВРОТИНК.

Публикацијата е подготвена во рамките на проектот „Нетрасиран пат: Граѓански ангажман во образованието, истражувањето и мониторингот поврзани со Поглавје 24” импементиран од страна на ЕВРОТИНК – Центар за европски стратегии, а финансиски поддржан од Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов Фонд на САД и Амбасадата на Кралството на Норвешка во Белград. 

Next Post

ГИС – Платформата за Карпош повторно достапна за граѓаните

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk