ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Ова е за мене нов предизвик на кој ќе одговорам со сериозна, упорна, чесна и посветена работа

August 20, 2020 21:59
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

После објавувањето дека досегашниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски, ќе го води Министерството за транспорт и врски, Бочварски на прес конференција во Штип, се заблагодари на довербата што ја доби од претседателот на СДСМ и иден премиер Зоран Заев.

Бочварски истакна дека покрај честа, водењето на министерството претставува и огромна одговорност која е спремен да ја преземе..

– Благодарам за огромната одговорност која ми ја додели Претседателот на СДСМ Зоран Заев, потврдена вчера на органите и телата на партијата. Ова е за мене нов предизвик на кој ќе одговорам со сериозна, упорна, чесна и посветена работа за унапредување и осовременување на инфраструктурата на територијата на цела земја, рече Бочватски.

Тој потенцира дека добиваме нов состав со чесни, исполнителни, посветени кадри кои ќе продолжат да ја водат земјата напред и во нови успеси.

Бочварски додаде дека со истиот жар ќе продолжи да се бори за она што е приоритетно, за она што ни е важно и денес, но и за следните генерации.

– Како Министер за транспорт и врски ќе ја продолжам реализацијата на изградбата на брана на река Отиња која е во програмите на министерството за транспорт и врски и на Владата, што ќе биде белег на Штип и гордост на сите штипјани. Повторно и повторно се обврзувам пред сите вас дека ќе продолжам да работам на значаен инфраструктурен развој, не само на Штип и на регионот, туку овој пат на целата земја. Беспоштедно ќе се посветам на труд и многу работа во изградбата на модерна и европска инфраструктура, која е главен предуслов за растечка економија и висок квалитет на живот, рече Бочварски.

Бочварски нагласи дека ќе се посвети на изградба на автопатишта, експресни патишта и локални патишта на територија на целата земја и додадее дека ќе им помогне на општините за реализација на што е можно повеќе проекти, а со тоа и развој на локалните заедници.

– Како архитект и градоначалник имам стекнато искуство кое е значајно токму во оваа насока во делот на развојот на урбанизмот и инфраструктурата во државата, рече Благој Бочварски на денешната прес-конференција.

Ј. Ѓ.

 

 

Next Post

Макрон - Меркел: ЕУ мора да продолжи да се мобилизира заедно со стотиците илјади Белоруси кои демонстрираат

НАЈНОВО

ДИК: Излезеноста на вториот круг од изборите до 9 часот е 2,88 проценти

November 2, 2025

Центарот за аналитика и комуникации на ЦИВИЛ ја започна работата на изборниот ден: Прес конференции во живо и интензивна комуникација со јавноста

November 2, 2025
Скриншот

Девет лица се борат за живот по напад со нож во воз во Англија

November 2, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во четири од десет скопски општини и Градот Скопје градоначалник ќе се избира во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk