ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Уапсен поранешниот советник на Трамп, Стив Бенон

August 20, 2020 19:14
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот советник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Бенон денеска е уапсен поради наводна измама на донаторите за повеќе стотици илјади долари за изградба на ѕид на границата со Мексико.

Покрај Бенон, приведени се уште три лица.

Апсењето на Бенон го потврди Канцеларијата на федералниот обвинител во Њујорк, додека неговиот адвокат се уште не го коментира случајот.

Според обвинителите, се работи за наводна измама во висина од 25 милиони долари, што Бенон и тројца соработници ги собрале од илјадници донатори „чии интерес бил изградба на ѕид на јужната граница на САД“.

Кампањата насловена „Го градиме ѕидот“ била со цел реализација на изборното ветување на претседателот Трамп за изградба на ѕид на границата со Мексико.

Освен Бенон, приведени се и Тимото Ши, кој од мај беше назнечен за вршител на должноста администратор во Агенцијата за борба против нарко-трговијата, воениот ветеран Брајан Колфеџ и Ендрју Бадолато.

Обвинителство наведува дека иако донаторите биле сигурни дека 100 отсто од собраните средства ќе бидат употребени за изградба на ѕид, тоа не е сторено, а обвинетите профитирале од собраните пари.

Според сознанијата Бенон добил повеќе од милион долари, од кои дел бил уплатен на сметка на неговата невладина организација, а дел е користен за негови лични потреби.

– За да ги прикријат исплатите од кампањата, четворицата осомничени ги пренасочувале парите на непрофитна компанија на Колфеџ, основач и главно лице на кампањата „што тој ги употребил да финансира раскошен живот“, наведуваат обвинителите.

Обвинителство се заблагодари на помошта што во истрагата ја дала инспекцијата на Поштенската служба на САД.

Си-ен-ен јави дека првото сослушување на Бенон ќе се одвива виртуелно поради пандемијата со вирусот Ковид-19, а случајот ќе го процесира ФБИ.

Првото сослушување ќе се однесува за негова евентуална одбрана од слобода односно дали ќе му биде одредена кауција, а се очекува тој да биде пуштен да се брани од слобода, бидејќи не се работи за насилен криминал.

Некогашен главен политички стратег и советник во Белата куќа и во кампањата на Трамп во 2016 година, Бенон ја напушти администрацијата во 2017 година, откако одигра клучна улога околу последиците од насилниот марш на белите националисти во Шарлотсвил, Вирџинија, каде имаше еден загинат и повеќе повредени.

Бенон ја напушти администрацијата пред две години, откако во книгата на новинарот Мајкл Волф „Оган и бес: Во Белата куќа на Трамп“, ги коментираше неговите и состаноците на синот на Трамп со Русите пред изборите. Трамп на ова реагираше со зборовите „Бенон го изгуби разумот“.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

(ФОТО) Дуња Иванова вицешампионка на Балканското првенство во МТБ Маратон

July 14, 2025

Двоен Трибунал

July 14, 2025
Скриншот

Ирска: Започна ископување на масовна гробница со останки од 800 бебиња

July 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Тешка сообраќајка на експресниот пат Прилеп – Градско

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нови детали за убиството во Прилеп: Пред куќата полицијата имала престрелка со убиецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Објавена причината за смртта на актерот Џулијан Мекман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Приказна за лавот и глушецот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Барселона сака да се „ослободи“ од двајца играчи, тие не сакаат да заминат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk