Лидерот на ДУИ Али Ахмети на ТВ 21 во дебатниот магазин Клик плус, изјави дека сакал да им понуди на Зијадин Сеља и Африм Гаши да станат дел од владата.
-Сакав да им понудам на Сеља и Гаши да станат дел од Владата, но не дојдоа на состанок, рече лидерот на интегративците, алудирајќи на повикот што им го упати за средба за годишнината на Рамковниот договор.