Коронавирусот влезе и во редовите на актуелниот европски и македонски шампион, Вардар. На неколку дена пред натпреварот од сеха лигата против Нексе од Нашице откриено дека капитенот Стојанче Стоилов е позитивен на ковид-19, пренесе ТВ24.
Информацијата засега не е официјално потврдена од клубот. Стоилов, кој неодамна стана татко, синоќа се пожалил на омалаксаност и болки во телото. Откако здравствената состојба не му се подобрила, бил тестиран на коронавирусот.
Според најавите, Стоилов нема да игра на дуелот против Нексе во Сеха-лигата. Неофицијално, капитенот е во самоизолација, а до вечер треба да се знаат резултатите од тестовите и на останатите ракометари во Вардар.