ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Над 25 милиони заразени со Ковид-19 во светот

August 29, 2020 21:25
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според последните податоци, во светот од новиот коронавирусот до сега се заразиле вкупно 25.032.361 лица. Од нив починале 843.249, а оздравеле 17.391.675 луѓе.

Атина – Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти за 177 нови случаи на Ковид-19 и уште едно починато лице. Вкупниот број на заболени лица во земјата се зголеми на 9.977, а починаа 260 лица.

Никозија – Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани два нови случаи на Ковид-19 од 2.843 направени тестови. Од почетокот на епидемијата заразени се вкупно 1.483 лица.

Загреб – Во изминатите 24 часа се регистрирани 312 нови случаи на заразени со вирусот САРС-КоВ-2, а починаа три лица. Од 25 февруари, кога беше регистриран првиот случај на зараза во Хрватска, заболеле вкупно 9.861 луѓе, од кои 183 починале, а 7.024 закрепнале.

Приштина – Националниот институт за јавно здравје на Косово соопшти дека во последните 24 часа на Косово, девет лица починале од коронавирус, со што вкупниот број на смртни случаи се зголеми на 508. Во истиот период се тестирани вкупно 466 примероци, од кои 115 биле позитивни. Така, вкупниот број на позитивни на коронавируси досега е 13.215.

Софија – Во Бугарија има 57 нови случаи на заразени со коронавирусот при направени 6.337 PCR тестови. Починале девет лица, а на интензивна нега се 59 пациенти. Излекувани се 187 луѓе.
Сараево – Во последните 24 часа, во Босна и Херцеговина се потврдени 333 нови случаи на коронавирус, врз основа на 1.513 тестирани примероци, а три лица починале.

Рим – Италија регистрира најголем пораст на бројот на заразени со коронавирусот на дневна основа од мај, откако во изминатите 24 часа беа регистрирани нови 1.462 случаи. Има и уште девет починати лица, а досега се регистрирани речиси 35.500 смртни случаи.

Париз – Во последните 24 часа, во Франција се регистрирани 5.453 нови случаи на инфекција со коронавирусот, додека шест лица починале од Ковид-19. Од почетокот на пандемијата, коронавирусот е потврден кај 272.530 луѓе во Франција, од кои 30.602 починале.

Виена – Во последните 24 часа во Австрија е регистриран нов рекорд на новозаболени лица со 395 нови случаи. Ова е најголем број на новозаразени од 3 април, кога се регистрирани 416 нови случаи. Од почетокот на епидемијата во Австрија 26.803 Австријци биле позитивно тестирани за вирусот корона, а 22.866 биле излекувани.

Берлин – Во Германија се потврдени 1.479 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, што е мало намалување во споредба со претходниот ден кога имаше 1.571, објави Институтот Роберт Кох. Во истиот период починало уште едно лице. Вкупно 240.986 лица се заразени во Германија од почетокот на епидемијата, од кои 9.289 починале.

Москва – Во Русија се потврдени 4.941 нови случаи на коронавирус во последните 24 часа, а 111 лица починале. Според официјалните податоци, вкупниот број заразени се искачи на 985.346, а бројот на смртни случаи на 17.025.

Киев – Во претходните 24 часа се потврдени 2.481 нов случај на инфекција со коронавирусот, што е рекорден број на нови случаи забележани во оваа земја. Вкупниот број на луѓе со дијагностициран коронавирус во Украина се искачи на 116.978. Во истиот временски интервал, бројот починати од Ковид-19 се зголемил за 41 на 2.492.

Вашингтон – Во САД, во последните 24 часа се пријавени 46.156 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број на заразени се искачи на речиси шест милиони, соопшти Универзитетот Џонс Хопкинс. Во САД коронавирусот корона досега е потврден кај 5.913.941 лица. Во изминатиот ден починаа уште 976 лица, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 181.800.

Бразилија – Во Бразил во изминатите 24 часа од Ковид-19 починаа 855 луѓе, со што вкупниот број на смртни случаи достигна 119.504, соопшти Министерството за здравство на земјата. Бразил исто така забележа 43.412 нови случаи на коронавирус. Досега вкупно 3.804.803 лица се заразиле со коронавирусот во Бразил.

Мексико Сити – 5.824 нови случаи на коронавирус се потврдени во Мексико во последните 24 часа, а 522 лица починаа, објави Министерството за здравство. Вкупниот број на заразени во земјата сега изнесува 585.738, а починале вкупно 63.146 лица.

Њу Делхи – Индија денеска пријави 76.472 нови случаи на коронавирус, нешто помалку од рекордните бројки во изминатите неколку дена. Индија пријави вкупно 3,46 милиони случаи. Бројот на смртни случаи пораснал за 1.021, на 62.550, соопшти сојузното Министерство за здравство.

Мелбурн – Во австралиското жариште на коронавирусот, државата Викторија, во последните 24 часа е забележан најмал дневен број на новозаболени лица после речиси два месеци. Државните службеници денеска пријавија 94 нови случаи, но и 18 смртни случаи.

Пекинг – Во последните 24 часа, потврдени се девет нови случаи на коронавирус во Кина, исто како и претходниот ден, и сите нови случаи се увезени, објави денеска Националната здравствена комисија. Ова е 13-ти ден по ред како не се регистрирани случаи на локално пренесување во Кина, со што се израмни со претходниот рекорд.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Д-р Пановски: Јачината на есенскиот бран на Ковид-19 ќе зависи од тоа колку граѓаните ќе ги почитуваат мерките и препораките

НАЈНОВО

Уапсен белгиски полицаец под сомнеж за шпионажа за Кина и Русија

October 12, 2025
Фото: МИА

Хамас сигнализира забрзано ослободување на заложниците – можеби уште вечерва, Израел подготвен да ги прими

October 12, 2025
Скриншот

Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Пикси поднесе оставка по поразот на Србија од Албанија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk