ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев ја претстави владината програма: Предметите на СЈО да добијат разрешница, модерно образование, 20.000 денари минимална плата до крај на мандатот

Покажавме, што значи да се спасуваат работни места и да се одржува стабилна економија и во време на пандемија, и ова, посочи Заев, е мотив да продолжиме да работиме да се вратиме на стапките на раст, зошто можеме.

August 29, 2020 13:10
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Убеден сум дека само перформансите се реалност и затоа стојам овде пред вас. Се обврзувам дека како премиер со сите министри ќе покажеме уште еднаш и пред себе и пред светот дека можеме уште повеќе и подобро, изјави мандаторот Зоран Заев во експозето пред пратениците во Собранието.

Ова е мала Влада, посочи Заев, што ќе ја предводам и во која членуваат мотивирани и посветени личности, кои ќе работат на остварување на поставените цели во стратешки интерес на државата.

Државата и целиот свет, посочи тој, се наоѓа во ситуација што се заканува на сите сегменти на живеење и со изборот на оваа влада го комплетираме системот што ќе работи за справување со последиците од корона кризата.

– На овие избори имавме историска можност со Беса да ја формираме коалицијата Можеме. Денеска таа програма усогласена и дополнета со нашите коалициони партнери ДУИ и ДПА е преточена во програма за работата на владата 2021 – 2024 година. Нова енергија во остварување економски раст, модерно образование и справување со пандемијата, изјави Заев.

Покажавме, што значи да се спасуваат работни места и да се одржува стабилна економија и во време на пандемија, и ова, посочи Заев, е мотив да продолжиме да работиме да се вратиме на стапките на раст, зошто можеме.

– Се обврзуваме во време на криза минималната плата да ја задржиме на 14.500 денари и да ги помагаме граѓаниете и компаниите. По завршување на кризата Владата ќе се обврзе на 20 до 30 отсто раст на минималната и просечна плата. Наша цел е 20 илјади денари минимална плата до крај на мандатот. Во зависност од траењето на светската криза, се обрзуваме да  оствариме раст од 4 посто, изјави Заев.

Најави отворање разговор и носење со консензус одлука за даночната политика.

– Износот на нето инвестициите ќе бидат една милијарда евра. Нивото на јавни инвестиции ќе порасне на две милијарди, а стрнаските директин инвестиции на над една и пол милијарди. Домашните и странските инвестиции ќе ги поддржиме со 300 милиони евра од буџетот и 300 милиони од странските фондови, изјави Заев.

Ќе продолжоиме, најави Заев, со инвестирање во нови патишта и автопати и железничка инфрастурктура.

– За да го постигнеме ова е важна стабичност и затоа е неопходно да го заврши својот четиригодишен мандат, изјави Заев.

Следува, посочи Заев, реформа на јавната администрација, со цел да даде максимум ефикасни услуги на граѓаните.

– Пандемијата покажа дека дигиталните услуги и дигитализацијата, не само што се потребни, туку се и неопходни. Токму во таа насока и ќе продолжиме. Ќе разгледаме неколку модели за реформи на администрацијата и намалување за 20 проценти со реорганизација, пензионирање и трансфер во приватниот сектор, изјави Заев.

Најави дека следува целосно прочистување на судството и градење правна држава.

– Судиите за кои ќе се докаже дека свесно и намерно застарувале предмети ќе бидат разрешени. Предметите на СЈО ќе мора да добијат разрешница. Воспоставуваме систем за проверка на имот на сите функциониери. Силната заложба во борбата против корупцијата е и новиот министер за борба против корупцијата, изјави Заев.

Откако влеговме во НАТО, нагласи Заев, ќе покажеме дека можеме и во ЕУ.

– Новата Влада е посветена на договорите од Преспа и со Бугарија, кои го овозможија тоа. Ќе продолжиме посветено да работиме на добрососедските односи. Ќе продолжиме и со Охридскиот рамковен договор, кој е основа на меѓуетничкиот соживот. Пред нас е период во кој како држава ќе добиме многу повеќе отколку што ќе дадеме. Се обврзуваме во следните четири години да отвориме 80 проценти од преговарачките поглавја, изјави Заев.

Принципите и вредностите, посочи тој, на кои се заснова оваа програме се европските вредности.

– Целта на Владата е да ја развива културата во сите сегменти и да ги зајакне институциите. Истовремено, предвидуваме мерки со кои културата ќе придонесе во развојот на економијата и новите бизниси, изјави Заев.

Нагласи дека во следните месеци, веројатно последиците од КОВИД-19 ќе се влошат.

– Нашата земја ќе стори се и веќе сме подготвени со нови пакети и мерки за поддршка на сите граѓани. Сметајте на вашата земја и институции, но и почитувајте ги мерките за лична заштита и на своите најблиски, изјави Заев.

Затоа, посочи тој, продолжуваат инвестициите во здравството и изградба на нов здравствен центар.

– Се обврзуваме на силна и бескомпромисна борба за чист воздух и животна средина. Ќе вложуваме во обновливи извори на енергија. Ќе ги зајакнеме инспекциските служби и ќе ги зголемиме казните. Најважно од се, ќе спроведеме акции во кои секој ќе треба да се вклучи, изјави Заев.

Ова, продолжи тој, се принципите на кои се усогласивме сите во новата коалиција во стратешкиот интерес на државата.

На почетокот на седницата Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ, укажа дека во собранието денеска има осум пратеници, на кои местото не им е тука и „чии мандати се нелегитимно усвоени“.

Собранискиот спикер Талат Џафери, на ова укажа дека го цитираат Деловникот, само кога им е во прилог, но и дека ќе треба да одговори на граѓаните по член 60 зошто и по два месеци од изборите партиите не ги формираа собраниските комисии и работни тела.

Гордана Силјановска од ВМРО-ДПМНЕ, пред почетокот реагираше дека на доцнењето од еден час, како и дека биле оставени само три дена за разгледување на предлогот за влада, од кои еден е празник.

– Ова доцнење и брзање е резултат на вашето непостапување како претседател на собрание, а не на нашето, како пратеници, изјави Силјановска.

Џафери, на ова одговори дека, тој не го пишувал Уставот и дека целината на работата на Собранието е негова надлежност и обврска./МИА/

 

Next Post

Одговорно однесување: Таткото и сопругата на идниот министер за правда, Маричиќ, се повлекуваат од своите функции

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

По Израел, САД втора земја што ја прескокна ревизијата на ОН за човекови права

November 7, 2025

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Данска ќе воведува минимална возраст од 15 години за одредени социјални мрежи

November 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 7 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk