Се обврзувам дека како премиер заедно со министрите, заедно со граѓаните, ќе покажеме уште еднаш дека можеме повеќе, дека можеме подобро“, со овие зборови мандатарот Зоран Заев го започна експозето за новата владина програма пред новиот состав на Собранието каде денеска почна дискусијата за гласање и на новата Влада.
Фокусот, рече Заев, ќе биде справувањето со кризата, негување на меѓуетничките и меѓусоседските односи, а уште повеќе ќе се работи на економијата. Потенцирајќи дека минатата влада постигна историски најниска стапка на невработеност и зголемување на платите и инвестициите, мандатарот најави нова економска иновативна стратегија и нови покачувања на платите.
Во оваа програма е вградена нашата силна определба за создавање економски раст, правда, внатрешен развој, успешно справување со светската пандемија, членство во ЕУ и добри меѓуетнички и меѓусоседски односи. Покажавме дека може да се постигне историска најниска невработеност, минималната плата да се покачи од 9.000 на 14.500 денари за неполни три години. Во земјата влегоа два и пол пати повеќе инвестиции за разликата од првото тримесечје на минатата година. Овој раст е дополнителен мотив да работиме повеќе. Имаме план за иновативна конкурентна македонска економија. Во таква економија платите ќе почнат да растат, рече Заев пред пратениците.
А. Зеќири