Јанушев и кога го гледа јавноста и кога не го гледа се однесува исто, тропа на маса и вика од место, јасно е, голема е нервозата кај него затоа што секој ден некој од партијата им бара оставка, а оставка се бара од главата или од оној кој имал најлоши резултати, како Јанушев што имаше во ИЕ3, му порача пратеникот на СДСМ, Дамјан Манчевски на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ.
– Кога веќе зборувате за криминал и корупција, свртете се лево десно околу вас и избројте колку кривични пријави имате. Правдата ќе ве стигне, ќе има и прочистување на судството, нема веќе бегање од одговорност, посочи Манчевски.