Со транспаренти „За народна власт” и извикување „Македонија! Македонија!” и „Никогаш Северна, само Македонија” денеска од пред седиштето на Европската унија во Скопје започна протест, што беше најавен на социјалните мрежи како „Семакедонски народен собир” против омаловажувањето на македонскиот национален идентитет и достоинство”, пренесе Слободен печат.
Од пред седиштето на ЕУ, Страшко Олумчев – претседател на Македонска народна партија, порача дека ова е протест на македонскиот народ, незадоволен од 30-годишното работење на македонското Собрание.
„Нас ни ги спорат правото на самоидентификување и во тој случај, ние Македонците имаме право, од бога дадено, да си го браниме, да си го чуваме идентитетот и државата. Премногу жртви Македонија има дадено низ вековите, за да дозволиме корумпирани политичари под команда на Брисел и светската влада во сенка да не ништат и да не бришат“, изјави Олумчев.
Инаку, пред неколку дена најавениот собир преку видеопорака го поддржа митрополитот на МПЦ-ОА Агатангел.
Извор: Слободен печат