ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Танец на кретенизмот

August 30, 2020 16:43
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Рашела на коњ, 2020 г.

Рашела на коњ, 2020 г.

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Бранко Тричковски

Упристојувачките тонови меѓу пратениците на вмро-дпмне не се резултат на разбудената свесност кај чипираните идиоти, туку на загубената хемија меѓу нивното просташтво и глупантропство и граѓанството, односно меѓу нив и тоа што тие го викаат народ. Рашела не го крева, би можело кратко да се сублимира, чувството на загрозеност кај нацијата, ниту од Заев, ниту од непријателскиот свет. Пратениците тоа не го знаат, но во потсвеста им се јавува најопасното зрно на сомнежот дека фидбекот на глупоста не е глупост туку благо освестена надеж на нацијата. Никој не ги слуша или, што би рекол народот на кој толку многу се повикуваат-не ги ебе. Во политиката тоа е пострашно отколку кога губите избори или одите в затвор. Или бегате во, што ја знам, Пешта. Тоа се последици на нормалните процеси во кои најважни се два елемента: Прво, драстичната разлика меѓу стварноста и вмронската критика ја поразува критиката, сведеноста на критиката на три фрази кои се повторуваат со години, говори за многу тенката, речиси никаква, имагинација на раководството и на членството и второ, тоа е извор на неподнослива досада, како  десет години да ја слушате онаа Милошовска од Љубојна. Па не е ли тоа за попиздит. Јас свршувам со слушање на нејзината музика и со говорите на Жмицко, Лигњата и Дибекот, како Лео Ди Каприо со блондинката во “Волкот од Вол Стрит”, за единаесет секунди.

Тие се како оркестар кој свири пред восочни фигури.

Вистинската публика е надвор. Можеби сите не го слушаат Заев, но сигурно е дека веќе никој не сака да го слуша вмронското срање.

Јас мислам дека ќе се дијаспоризираат. Тоа значи дека кон внатре ќе останат циркузанти, ритуалисти, секташи, говњари, со александриски шлемови и копја, со штитови со сонцето од Кутлеш и сукњички од кожени ремени, во комбинација со Гоце, Тодор, Ратко во главите, а кон надвор, односно за сите нас од надвор, ќе бидат објект на заебанција, на сеир, на подјебавање и на други елементи на народната мудрост кон пропаднатиот.

Македонска дијаспора во Македонија.

Мало фолклорно друштво за негување на традициите на националната примитивност.

Со ора и игри низ глупоста.

Танец на кретенизмот.

Еве како ќе изгледа есенскиот дијалог во редовите на чипираните идиоти:

“Ние сакаме да ја урнеме владата, а вие сакате да не урнете нас, дајте соберете се, не можеме да ги собориме нив, ако вака се соборуваме себе си!”

Темата за соборувањето на владата е отворена за да се спречи соборувањето на актуелното раководство на вмро-дпмне.

За нормалниот дел на Македонија тој натпревар е како фудбалски натпревар со тоа што ние навиваме да има што е можно повеќе не голови туку жртви, да поуживаме малку во убавината на политичките смртови на злото.

Хахаха!

Никогаш Северна.

Кога во Брисел ги гледале снимките од протестите, Урсула фон дер Лејен викаше: “Баш се слатки, Тричко, нели, бидејки не може никогаш северна, тие, всушност, викаат никогаш Македонија, тие се борат против Македонија, тоа е пораката, може ли некој тоа да им го објасни?”

“Не може”, и реков на Урсула, “ не може, се разбира, тоа е како на слонот кој демонстрира под паролата никогаш зурло, секогаш слон, да му објаснуваш дека без зурлата тој, всушност, не може да биде слон.”

“Хахаха” извика Лејен, значи ли тоа дека вие Македонците имате нешто слоновско во себе?!”

“Оу, јес, ние сме како слонови со отсечена сурла и мали, затнати уши” реков и побрзав на Завентем да го фатам последниот корона лет за Скопјанг.

Тоа е, драги мои.

Во однос на програмата на новата влада имам една генерална забелешка: Државата е тука се, таа вработува, таа ги крева платите и пензиите, таа обезбедува инвестиции, таа ги лекува луѓето, таа им обезбедува култура, им ги брка комарците, внимава на температурата и на пием честичките…луѓето се како загрозен вид под стакленото ѕвоно на државата.

Јас знам, такви се очекувањата, такви се деформациите во нашата политичка и културна, животна, би рекол, матрица, на вака заглупавеното општество државата му е навистина потребна повеќе отколку на некое понормално општество, но, сепак, таа хипертрофија на државата не е добра, мора да се разработи стратегија во која граѓанинот ќе може да ја преземе својата судбина во свои раце, ќе го активира својот мртов капитал од пари, куќи, ниви, џипови, стока и памет, во репродукција на себе и на своето семејство и во крајна линија, на државата. А државата ќе му помага, со кредити или неповратна помош, со даночни олеснувања, субвенции и со општата клима.

И уште една сугестија.

Мешавина од државен интервенционизам и приватна иницијатива: важно е да се обезбеди покриеност на територијата со луѓе. Ова треба да биде врвен приоритет. Дали ќе се стимулира сточарството по таа посебна би ја нарекол основа, или ќе се обезбедува финансирање на објекти и професии кои на пазарна основа не би опстанале,  е друго прашање, но важно е во Орешани или во Витолиште, да има уште еден дуќан или сервис за велосипеди, да речеме, мала амбуланта, пошта…

Сервис за домашни апарати во Таор чии основни трошоци ќе ги плаќа државата, мал погон за специфични производи од млеко во Вражале..

Само примери давам.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Иран протера половина милион Авганистанци во период од 16 дена од неодамнешниот конфликт со Израел, соопшти ОН

July 11, 2025

Викендов Галичка свадба, манифестацијата ќе почне вечер со монодрама за Пулевски

July 11, 2025
Скриншот

Кос: Сребреница е длабока рана на европската историја

July 11, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Гордоста ми удри во чело – и ми извади око

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се гаси регионалната телевизија Ал Џазира Балканс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дозвола за постоење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија заглавена – Албанија чекори напред: Владата на Мицкоски го блокира европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски по извештајот од ЕП: Остануваме горди со крената глава, денес Бугарија работеше против нас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk