ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Заев им вети на бизнисмените целосна посветеност на економијата

August 31, 2020 16:34
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата во наредните четири години да се стави приоритет на економскиот аспект со цел да се излезе од состојбата поради ковид кризата, како и да работи на институционални реформи, ефикасно менаџирање на буџетот, борба против корупцијата, спречување на сивата економија и на иселувањето на младите,… побараа бизнисмените од Стопанската комора на Македонија, МАСИТ и Комората на Северозападна Македонија на денешната средба со новоизбраниот економски тим на Владата.

Премиерот Зоран Заев, пак, им упати порака за целосна посветеност на Владата на економијата, јакнење на компаниите, извозот, за стабилна даночна политика…

На средбата на првиот работен ден на Владата, разговарале за итните приоритети за поттикнување на економскиот раст и следните пакети со мерки за помош на стопанството во услови на ковид кризата, важноста на реформите во правосудството како поддршка на економијата, како и продолжувањето на процесот на децентрализацијата, пописот, натамошната соработка.

-Испраќаме порака за доминантен фокус на Владата на економијата, економскиот стандард на нашиот народ, севкупен економски раст и развој затоа што нивото на кое сме дојдени навистина е „напеналено“, а пред нас е неповторлив период кој мораме да го искористиме. Испративме порака за предвидливост во периодот кој претстои, ќе има е стабилен период без предвремени избори, четиригодишен,  многу значаен за домашната економија која ќе може да прави планови за свој динамичен раст и развој и да ја има предвид превдивоста за кои било идни инвестициски или кои било активности на бизнис секторот, изјави по средбата Заев.

Испратена е и порака за стабилна даночна политика. – Даноците остануваат стабилни,  за секоја промена ќе има дискусија, изјави Заев, потенцирајќи дека промените ќе бидат во наска на намалување и оти за тоа се остава период од година до година и половина.
Следуваат, како што најави, нови пакети мерки за помош на стопанството во есенско зимскиот период кои ќе ги димензионираме заедно со коморите за да се максимизираат сите ефекти. Досегашните мерки, оцени, дадоа резултати.

Тој ја потенцираше и важноста на реформите во правосудниот систем, затоа што, како што рече, ако правниот систем биде европоски и стегнат и економијата ќе биде подвижечка и посилна.

– Претстои период на работа дома, денеска можеме да кажеме дека е првиот работен ден на Влада која нема на агендата меѓуетнички проблеми,  тие се решени, сите граѓани се еднакви и сакаат економија, сите соседи ни се пријатели. Ова мора да донесе повеќе економија, денеска сме членка на НАТО, пред нас е отворањето на преговорите, рече Заев порачувајќи дека имаме неповторлив период пред нас кој треба да се искористи.

Како што истакна Неби Хоџа од Комората на Северозападна Македонија економија,  разговарале за итните приоритети што треба да ги преземе новата Влада со цел да се поттикне економскиот раст и развој, а истовремено да се запазат мерките од пандемијата.

-Почнавме да разговараме за една Влада која ќе биде економски насочена, која ќе има приоритет да работи во интерес на економијата од која очекуваме да бидат со принципиелни, одговорни, професионални и отчетни кадри со контретна мисија и цели кои ќе имаат задача да работат со соработка и согалсност со бизнисот и исклучиво на европската трансформација на зeмјата, изјави Хоџа.

На новата Влада и посака успех и во име на бизнис заедницата и порача во наредните четири години да се стави приорит на економскиот аспект со цел, како што рече, да се излезе од состојбата поради ковид кризата, како и да работи на институционални реформи, ефикасно менаџирање на буџетот, борба против корупцијата, спречување на сивата економија и на иселувањето на младите

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Збогум национализам, здраво безрезервна љубов

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид ја проценува можноста за трансфер на Ерлинг Халанд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk