Разгледувавме со Министерството за образование и наука аспекти, трендови на болеста, начинот на кој се трансферираше вирусот минатите недели за да вршиме предвидувања за натамошниот период. Луѓето се вратија на работа, во затворени простории. Може да се влоши состојбата и сакаме тоа да го превенираме. Учениците постепено ќе влегуваат во училниците. Гледавме искуства од Германија, Израел, САД и други, кои по отворањето на училиштата, мораа целосно да ги затворат. Есенскиот период имаме ризик од други вируси. Наставата со физичко присуство мора да се одвива со протоколи, што ги изработи Комисијата за заштита од заразни болести“, изјави Филипче на денешната прес-конференција.
За протоколите за работа на училиштата, кои треба да отворат на 1 октомври, рече дека препораката што ја даде Комисијата за заразни болести е во контекст на максимална претпазливост.
Министерот кажа дека работното време на училиштата ќе биде од 7 до 20 часот. Зборувајќи за протоколите, рече дека во функција ќе бидат ставени сите влезови со патокази и насочувања за влез и излез. Средства за дезинфекција задолжително ќе има. Во основните училишта децата ќе бидат испраќани само до влез, нема внатре, мора со маски. Дежурен наставник ќе помага при дезинфекција на рацете и обувките. Тие што доаѓаат со автобус, ќе им се мери телесна температура, а со повишена температура нема да може да влегуваат.
„Ако се почитуваат протоколите, можеме да имаме успешна учебна година. Ги разбирам средношколците, но овој систем нè штити сите нас, не е избор, но мора да се почитува. Состојбата нема да трае вечно, но мора да ја почекаме вакцината, бидете трпеливи“, кажа министерот.
На денешната пресконференција, министерот за здравство Венко Филипче кажа дека има 20,6 отсто намалување на новозаразени лица од коронавирус во однос на минатата недела, на денешната прес-конференција во Владата. Рече дека има и 40,3 отсто намалување на хоспитализирани лица.