ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Народна банка: Зголемено плаќањето со платежни картички во вториот квартал од годинава

September 1, 2020 11:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Плаќањето со платежни картички во трговијата е зголемено во услови на пандемија, покажуваат податоците на Народната банка од платежната статистика за вториот квартал од годинава.

Оттаму денеска информираа дека плаќањето со платежни картички забележува годишен раст кај бројот и вредноста на остварените трансакции од 7,4 проценти и 17,6 проценти. 

Висок е годишниот раст на бројот на плаќања за купување преку интернет, кој во вториот квартал изнесува 169,6 проценти и е петкратно повисок од годишниот раст во истиот квартал лани. Во однос на користењето на платежни картички на физички места на продажба остварен е годишен раст од 4,9 проценти, кој е значително понизок од годишниот раст во истиот квартал од минатата година.

– Негативното влијание на пандемијата е изразено кај плаќањата со користење на инструментот кредитни трансфери, кои забележаа годишен пад од 13,3% проценти во однос на бројот и 17,4 проценти во однос на вредноста на трансакциите. Сепак, од започнувањето на корона-кризата па наваму, физичките лица сè почесто ги користеле придобивките на електронското банкарство. Бројот на електронски кредитни трансфери извршени од страна на граѓаните во вториот квартал се зголемил за значителни 42,2 проценти на годишна основа, што е двојно повеќе споредено со годишниот раст во истиот квартал во 2019 година (20,9%), информира Народна банка.

Најчесто граѓаните ги извршувале плаќањата преку компјутер, поточно во вториот квартал се забележува висок годишен раст од 32,9 проценти, кој е скоро двојно повисок од годишниот раст во вториот квартал лани, кога изнесувал 14,7 проценти. Сепак, продолжува и трендот на зголемена употреба на мобилните телефони за плаќање, односно бројот на плаќања преку мобилен пораснал за 75,1 процент на годишна основа. 

Од друга страна, велат од Народна банка, условите што ги наметна пандемијата придонеле за забрзано менување на навиките на граѓаните во однос на извршувањето кредитни трансфери на хартија, пришто бројот на кредитните трансфери извршени на овој начин забележува голем годишен пад од 24,6 проценти во вториот квартал оваа година, наспроти годишниот раст од 4,1 проценти во истиот квартал во минатата година.

– Менувањето на навиките на граѓаните во услови на ограничено движење заради пандемијата придонесе за импозантен годишен раст на нивните плаќања со платежни картички преку интернет во земјата од 122,6 проценти, како и на кредитните трансфери извршени по електронски пат од 32,2 проценти, во текот на првото полугодие од 2020 година, оценуваат од Народната банка.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Орашко Кале – милениумско богатство кое тивко исчезнува

May 12, 2025

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

May 12, 2025

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk