ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Широкото тестирање покажа дека близу 30 % од дијагностицираните со Ковид-19 се асимптоматски носители

September 2, 2020 22:08
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Здравствениот систем е целосно подготвен за можниот нов бран на Ковид-19. Сакам да ги уверам граѓаните дека сме подготвени со болнички кревети, медицинска опрема, кадар, лабораториски капацитети, дополнителни болнички капацитети, мини клиниката до Инфективната клиника, новата амбуланта на Клиниката за пулмологија, која ќе биде тријажен центар за Клиничкиот центар. Направивме една целосна реорганизација на Клиничкиот центар за да бидеме подготвени за есенските месеци. Ги ангажиравме и младите лекари.

Ова вечерва го истакна министерот за здравство Венко Филипче во гостивањето на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, во која посочи дека неколку параметри кои укажуваат дали епидемијата е под контрола сo бројки кои се намалуваат.

– Се намалува вкупниот број позитивни случаи од вкупниот број направени тестови. Повеќе недели вкупниот број дијагностицирани се намалува, се намалува што е исклучително многу битно бројот на пациенти кои се наоѓаат во болница. Болниците практично се испразнија. Тоа се должи веројатно на тоа што луѓето се надвор и покрај тие интензивни контакти при прекршувањето на овие мерки помала е веројатноста дека вирусот ќе се пренесе и затоа ние стравуваме од есенските месеци од таа зголемена концентрација на луѓе во затворена просторија. Втора работа е нашиот пристап за едно широко тестирање, што значи се тестираат и контактите на заболените со цел рано да се откријат сите кои се евентуално асимптоматски носители. Близу 30 проценти од вкупниот број дијагонстицирани се асимптоматски носители, нешто што ни овозможува да имаме целосен увид во епидемијата, рече Филипче.

Потенцира дека добар е трендот во смисла на намалување на вкупниот број дијагностицирани, но не очекуваат дека ќе има нагло намалување на бројот на новозаболени.

Во доцните есенски месеци, посочи, ќе има зголемена кнцетрација на луѓе во маркети, банки итн., во просторија каде сега ред се чека надвор пред врата.

– Тогаш тоа тешко ќе може да се организира. Луѓето на почетокот на септември се враќаат на работните места, завршени се одморите, се зголемува таа фреквенција на комуникација, градинките почнуваат со работа од следната недела и сето тоа се ризик фактори, кои можно е кај нас епидемијата, односно сликата да ја влошат и ние во таа смисла ги подготвуваме капацитетите, истакна Филипче.
На прашање на што се должи големиот број починати од Ковид-19 минатата недела одговори дека неколку фактори влијаат.

– Смртноста не е поголема од европскиот и светскиот просек. Имаме специфичен пристап кога станува збор за тестирање пациенти кои ќе починаат. Имаме две ситуации. Во една ситуација пациентите доцна доаѓаат во болница, со откажана функција на срцето и белите дробив и бараат кардио белодробно оживување, значи практично процес на реанимација, кој таму каде не е успешен, каде пациентот починал, фамилијата укажува дека тој имал симптоми кои можат да личат на Ковид. Земаме брис постмортен со цел да знаеме дали починатиот бил носител на вирусот и да ги заштитиме членовите на семејството, рече Филипче.

Вториот момент, појасни, е што 30 отсто од вкупниот број починате за жал многу доцна се дојдени во болница.

– Тие мораше да се стават на респираторна машина. Тоа се најтешките пациенти, додаде Филипче.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ИРЛ: ОЈО бара домашен притвор и одземање на пасошот на сопственикот на „Фонтана“

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk