ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Филозофскиот факултет е чувар на традицијата, задолжен за трансферот на нашиот културен и историски идентитет

September 2, 2020 20:38
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Формиран во далечната 1920-та година, Филозофскиот факултет е јадрото на македонското високо образование. Околу тоа јадро подоцна беше оформен нашиот најстар државен универзитет, „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и беа поставени темелите на Народната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“. Со Факултетот се поврзуваат големите имиња на македонската наука – Блаже Конески, Михаил Петрушевски, Харалампие Поленаковиќ, Ѓорѓи Шоптрајанов, Љубен Лапе, Јован Трифуновски, Ѓорѓи Страделов, Павао – Вук Павловиќ и многу други. Речиси нема наставно-образовна и научно-истражувачка дејност во хуманистичките, општествените и историските науки во која Филозофскиот факултет нема дадено свој значаен придонес. Тоа денеска го истакна претседателот Стево Пендаровски во Струга пред присутните на меѓународната научна конференција организирана по повод јубилејот на високообразовната установа.

Тој истакна дека Филозофскиот факултет е чуварот на традицијата, што преку историјата, класичните студии, историјата на уметноста и археологијата, се за трансферот на значаен дел од културниот и историскиот идентитет на сегашните и идните генерации.

– Преку филозофијата, педагогијата, социологијата и психологијата, факултетот учествува и во создавањето на одговорни и партиципативни академски граѓани. Во текот на овие 100 години илјадници студенти имаа можност да се запознаат со широк спектар на идеи и концепти, да учествуваат во дебати за важни општествени теми, вклучително и за соживотот во мултиетнички и мултирелигиски контекст. Во аулите на Филозофскиот факултет секоја генерација одново ги започнува фундаменталните расправи за човекот, неговото творештво и неговите замисли за животот во заедница со другите. Преку социјалната работа и политика, дефектологијата, родовите студии и семејните студии, Факултетот придонесува кон градење на свеста за хумано и солидарно општество, за унапредување на семејството и грижата за ранливите категории, рече претседателот.

Според него, секој оној што бил дел од македонското високо образование е истовремено и наследник на традицијата што започнува токму со Филозофскиот факултет во Скопје, а како што истакна „сите ние, директно или индиректно, сме интелектуални потомци на Филозофскиот факултет и оттаму денес сме горди на овој јубилеј“.

– Освен што е чувар на традицијата, Факултетот претставува и еден вид на инкубатор на идеите кои ќе ја обликуваат иднината. Филозофскиот факултет е дел од македонскиот, а со тоа и европскиот образовен простор во кој младите ги поттикнуваме да бараат нови и креативни одговори на старите прашања. Да ги продлабочуваат знаењата, да ги прошируваат хоризонтите. Наученото треба да биде во функција на развој на способноста на студентите самостојно да стекнуваат знаења, да откриваат, и на таков начин да придонесуваат кон личната среќа, но и кон општото добро, рече тој.

За да продолжи успешно да ја исполнува таквата двојна улога на чување на автентичното и отворање кон новото, Пендаровски рече дека постојат неколку предуслови за кои е убеден дека луѓето од Филозофскиот факултет и знаат и активно работат на нивна имплементација.

– Првиот е гарантирање на човековата слобода на мисла и изразување и академската слобода на истражување. Ова е неопходно не само за образовни и наставно-научни цели, туку и за развивање на јавен простор во кој граѓаните ќе можат слободно да поставуваат тешки прашања и да бараат искрени одговори. Ваквата потрага по вистината е специфика на секое слободно, праведно и просперитетно општеството. Второ, континуирано унапредување во образованието. Квалитетното образование е клуч за обезбедување на достоинствен живот на граѓаните. Успехот на нашата генерација ќе се оценува врз основа на тоа дали ќе успееме да обезбедиме европска иднина за нашите млади, тука во нивната земја. А тоа ќе го постигнеме само ако изградиме напредно општество втемелено врз знаење и одржлива економија втемелена врз новите технологии. Но, за да го постигнеме тоа, знаењето и иновативноста на природните, економските и техничките науки мора да бидат дополнети со мудроста и длабочината на увидот на хуманистичките и општествени науки, рече претседателот.

Како што истакна, најголемите модерни предизвици бараат сестран, интердисциплинарен пристап, посочувајќи ја тука како пример актуелната пандемија на Ковид-19. Според него, тој сериозен здравствен предизвик има своја етичка, економска, социјална, социолошка и безбедносна димензија.

– Во услови на пандемија се наметнуваат прашањата за животот и смртта, за страдањето и природното зло, за ефектите врз општеството и семејството, за квалитетот на образованието, за социјализацијата на младите, за грижата за ранливите. Карактерот и опфатот на оваа пандемија нужно бара интердисциплинарен пристап, а, Филозофскиот факултет и неговите институти можат да дадат свој научен придонес кон изнаоѓање на оддржливи решенија, рече Пендаровски честитајќи го јубилејот на Филозофскиот факултет.

„Науката и општеството: придонесот на хуманистичките и општествените науки“ е тематскиот наслов на конференцијата што наредните два дена ќе се одржува во Струга. На свеченото отворање на собирот свои обраќања имаа уште и ректорот на Скопскиот универзитет Никола Јанкуловски, деканот на Филозофскиот факултет Ратко Дуев, претседателката на Организацискиот одбор Елизабета Димитрова и Верица Милеска-Стефановска од Комората за приватно обезбедување.

Академик Вера Битракова-Грозданова од МАНУ одржа почесно предавање „Ќиро Трухелка како професор на Филозофскиот факултет во Скопје во неговите почетоци“.

Во наредните два дена на конференцијата е предвидено да се одржат повеќе панелни и ЗУМ-сесии со излагања на учесниците од областа на општествените и хуманистичките науки.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ЕУ: Најстрого го осудуваме труењето на Навални

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk