Видео од забава во кафуле во трговскиот центар „Бисер“ во скопски аеродром, предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Како што може да се види на видеото, на забавата присуствувале голем број млади лица, без да ја почитуваат мерката за физичка дистанца, а никој не носи и заштитна маска.
Настанот во пазарниот инспекторат го пријавиле граѓани пред полноќ, а веднаш потоа на терен излегле инспектори и констатирале низа неправилности.
Локалот е сè уште не бил регистриран, а било пречекорено и работното време. Инспекторите направиле записник, ќе биде поднесена прекршочна пријава и ќе има забрана за работа до 30 дена.