ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ахмети го заврши дводневното сведочење пред Меѓународниот суд за Косово

September 3, 2020 17:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ) Али Ахмети денеска околу 16:30 часот го напушти објектот на меѓународната правна мисија на Европската унија во Косово – ЕУЛЕКС, каде што вчера и денеска се одржа неговиот распит од страна на истражителите на Меѓународниот суд за Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.

Првиот распит на Ахмети се одржа вчера од 9:30 до 18:00 часот, додека денеска неговиот исказ започна во 10.30 часот и траеше пократко, односно нешто помалку од шест часа.

За разлика од вчера, кога го напушти објектот на ЕУЛЕКС со партиското возило без да даде изјава за медиумите, Ахмети денеска накратко им се обрати на насобраните новинари, нагласувајќи дека бил интервјуиран во својство на сведок, но дека не може да даде информација до завршување на процесите пред меѓународниот трибунал.

– До завршувањето на овој процес не можам да споделам никаква информација со јавноста, затоа што така е предвидено со закон. Кога ќе добие епилог процесот, тогаш ќе можеме да говориме, тогаш тоа ни го дозволува и законот, изјави кратко лидерот на ДУИ.

Генералниот секретар на партија, Артан Груби, кој го придружуваше Ахмети во Приштина, претходно за ТВ21 изјави дека ќе се вратат во Северна Македонија веднаш по завршувањето на интервјуто.

Како што наведуваат косовските медиуми, Ахмети е повикан од меѓународниот суд, чие седиште е во Хаг, во својство на сведок, како еден од основачите и поранешен член на главниот штаб на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и активен учесник во косовската војна во 1998-99 година. Поканата за интервју му е доставена во јули годинава.
Специјализираните комори за Косово, како што е официјалниот назив на судот, а кој во косовската јавност е познат како „Суд за ОВК“, го водат меѓународни обвинители и судии.

Покана да се јават пред Обвинителството, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивилното албанско и српско население за време на војната во Косово, според досегашните информации, имаат добиено над 300 поранешни водачи или други припадници на ОВК.

Меѓу последните кои беа повикани во Хаг, како осомничени, се и двајца од основачите и водачи на ОВК, актуелниот претседател на Косово Хашим Тачи и лидерот на Демократската партија на Косово и доскорешен собраниски спикер, Кадри Весели. Денеска беше објавено дека покана од судот во својство на осомничен добил и шефот на главниот штаб на ОВК, подоцна и премиер на Косово, генералот Агим Чеку.

Истрагите, како што е најавено, се сконцентрирани на претпоставени злосторства во периодот од јануари 1998 до декември 2000 година. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Попладневен преглед на вести: Заев им порача на министрите да вложат максимални напори, Јанушев „во име на народот“, му прати мандатно писмо на премиерот...

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk