ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Aмбасадорката Галовеј му предаде на Пендаровски честитка од Кралицата Елизабета II по повод 8 Септември

Претседателот Пендаровски истакна дека билатералните односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство остануваат цврсти, притоа се заблагодари за долгорочната и постојана поддршка што Британија ја дава на земјава уште од нашата независност.

September 3, 2020 15:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими амбасадорката на Обединетото Кралство во земјава, Рејчел Галовеј.

На средбата, како што соопшти кабинетот на Пендаровски, се разговараше за досегашната поддршка од страна на Обединетото Кралство во справување со пандемијата на КОВИД-19 во различни сектори, политичката соработка меѓу двете земји, трговската размена, како и бројните британски програми за поддршка во Северна Македонија во областа на одбраната, доброто управување и владеење на правото.

-Соговорниците разговараа и за формирањето на новата Влада во контекст на фокусирање кон предизвиците од пандемијата, прилагодувањето на животот на граѓаните кон новата состојба и спроведување на потребните реформи во клучни области со цел продолжување на процесот на европска интеграција, како една од стратешките цели на Северна Македонија, се наведува во соопштението.

Амбасадорката Галовеј додаде дека во контекст на соработката во рамки на НАТО, ќе продолжи поддршката од британските колеги на рамноправна основа придонесувајќи кон колективната стабилност и глобалната безбедност.

Претседателот Пендаровски истакна дека билатералните односи меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство остануваат цврсти, притоа се заблагодари за долгорочната и постојана поддршка што Британија ја дава на земјава уште од нашата независност.

На средбата, амбасадорката Галовеј на претседателот Пендаровски му ја предаде и честитката од Нејзиното Британско Величество Кралицата Елизабета II по повод 8 Септември, Денот на независноста.

-Ваша Екселенцијо, ми претставува посебно задоволство да Ви го честитам државниот празник, Денот на независноста, со најискрени желби и честитки за среќа и просперитет на народот на Република Северна Македонија, пишува Кралицата Елизабета Втора во честитката до Пендаровски./МИА/ 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Османи: Поддршката од ОН создава видливи резултати во напредокот на општеството

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk