ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Општините да ги решаваат проблемите со дивоградбите

September 3, 2020 13:51
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски  апелира до сите градоначалници да спроведат постапки за избор на фирми што ќе ги урнат дивоградбите во општините врз основа на донесени решенија.  Само со почитување на законите, порача денеска Бочварски, ќе се  привлечат инвестиции и ќе се овозможи развој на државата.

Бочварски, во одговор на новинарско прашање дали вчерашнот пример со уривањето на дивоградбата кај ТЦ Мавровска во Скопје ќе стане пракса и во останатите општини рече дека општините треба да си ги преземат своите одговорности и да ги решаваат овие проблеми.

-Ваквиот тип објекти од втора категорија се под директна надлежност на локалната самоуправа и локалните власти. Апелирам до сите локални самоуправи и до сите градоначалници да си ги спроведат постапките за избор на фирми коишто ќе вршат ваков тип на извршување после завршени постапки и после инспекциски надзор со донесено решение за уривање на одреден нелегален објект.  Во таков случај општините треба да си ги преземат своите одговорности  и да ги решават овие проблеми, бидејќи тие се на локалната самоуправа, изјави Бочварски.

За случајот со Мавровка, појасни постапил инспектор и има донесено решение, општината во неколку наврати добро познати на јавноста се обиде да најде фирма што ќе го изврши отстранувањето на овој објект. Од страна на инспекторот беше побарано  и од самиот инвеститор на објектот првично да го отстрани, а доколку не го отстрани тогаш се пристапува кон извршување од страна на општината. Не се случи ниту првото, ниту второто, и токму поради тоа преку препорака од Владата до Управниот одбор на Македонија пат се донесе решение за соработка помеѓу Македонија пат и Општина Чаир со цел да и се помогне на општината и да и се излезе во пресрет,  прецизира Бочварски

Тој потенцираше дека досега општините не побарале ваква поддршка од Владата, но оти е важно сите такви состојби да се надминуваат затоа што, како што рече, градоначалниците имаат сериозни овластувања и треба да ги  спроведуваат.

-Се работи за правда, за правичност и овде мора да биде бескурполозни заради тоа што само вака ќе продолжиме со развој на економијата, индустријата и ќе привлечеме инвеститори. Со правна држава и почитување на законите и регулативата  ќе придонесеме за побрз и посилен развој на државата. Верувам дека државните органи, секако локалните институции и секоја институција што има надлежност ќе постапува согласно надлежностите за да не ни се случуват вакви слични состојби,  порача Бочварски.

Прашан што во случај ако не реагира општината и не може да избере фирма што би постапувала за извршување  министерот повтори дека треба да се направи се за што граѓаните дале поддршка и одговорност на градоначалниците, министрите, пратениците, инспекторите.

-Треба да работиме, имаме свои овластувања и треба да направиме се за тие да се реализираат, рече Бочварски.

Дивоградбата кај „Мавровска“ се урива од вчера со градежна механизацијата на ЈП за одржување на патишта, по претходна препорака од Владата откако на тендерот што го распиша општината Чаир за уривање на објектот немаше пријавени компании.

Основното јавно обвинителство Скопје вчера донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое во текот на  јуни и јули, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330  квадратни метри пред трговскиот центар  „Мавровка“ во Скопје, без притоа да добие одобрение за градба од надлежен орган.  Според обвинителството, постои основано сомнение дека инвеститорот сторил кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.

Надлежен јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето/престојувалиштето, обврска да се јавува повремено во Основниот кривичен суд Скопје, привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за издавање нова​.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

ЕУ испраќа помош за коронавирусот во Црна Гора и Косово

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk