ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ФИТР: Северна Македонија продолжува да напредува на листата на Глобалниот иновациски индекс

September 3, 2020 12:32
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Според извештајот на Глобалниот иновациски индекс за 2020 година, Република Северна Македонија се искачи за две места погоре во однос на минатата година, односно за 27 места во однос на 2018 на листата земји што вложуваат во иновации и иновациска структура, што резултира со економски напредок.

Глобалниот извештај рангира 130 држави во светот во однос на иновативните перформанси по 80 различни параметри.

Северна Македонија е на 57 место, што претставува значителен напредок и се должи на вложувањата во микро, мали и средни претпријатија од страна на Владата и Фондот за иновации и технолошки развој во изминатите три години.

Во однос на препораките се наведува дека земјата треба да вложи повеќе во образование, подобрување на образовниот систем, како и зголемување на соработката помеѓу бизнис секторот и академската заедница, што е оценета на многу ниско ниво. Дополнително, извештајот посочува на потребата од поголеми вложувања во човечки ресурси и истражувања, во кои се очекува зголемен ангажман на Владата, а за кои ФИТР веќе развива посебни инструменти и програми за поддршка.

Оваа година Северна Македонија има голем напредок и во однос на зголемен степен на инвестиции во иновации од страна на домашните институции каде е рангирана на 46-то место што е за шест места повисоко од минатата година, а особено во споредба со 2018 кога беше на 71-во место. Во однос на постигнатите резултати од иновациите, земјата го задржа 63-то место, како и во 2019 година, односно 30 места повисоко од рангирањето во 2018.

Споредбено со другите економии во Европа, од групата 37 земји со средно-високи примања, државата оваа година има натпросечни оцени во четири од седум столбови на Глобалниот иновациски индекс, што се однесуваат на институции, инфраструктура, знаење и технолошки резултати и софистицираност на пазарот, што според извештајот се должи на подобрена бизнис клима и зголемено ниво на достапност на финансиски средства од државата за поддршка на домашната економија.

Во однос на останатите европски економии опфатени во студијата, Северна Македонија има натпросечни резултати во делот на софистицираност на пазарот, каде е на 17-то место, што е значителен скок од минатогодишното 28 место. Овој индикатор покажува дека е остварен сериозен напредок во поглед на пристап кон финансиски средства и едноставен начин на заштита на малцинските инвеститори.

Во извештајот државата е рангирана на 13то место меѓу 37-те економии со средно-високо ниво на приходи во кои спаѓаат и земји како Русија, Кина, Бугарија, Малезија, Тајланд и Србија. Над очекувањата се и перформансите на иновациите и поврзаноста со БДП по глава на жител, споредено со нивото на развој на земјата.

Напедок во однос на минатата година има кај индикаторите за квалитет ISO9001 (ранг:22) и високо и средно-високи технолошки производи (21), а значаен успех има и во однос на еколошка оддржливост (17), бизнис климата (30) и заштита на интелектуална сопственост (23).

Според анализата на ГИИ, Швајцарија и оваа година е на прво место, а меѓу првите пет држави се и Шведска, САД, Велика Британија и Холандија, додека последно место се државите Гвинеја и Јемен.

Извештајот на Глобалниот иновациски индекс на иновации се објавува 13 години по ред од страна на Светската организација за интелектуална сопственост во партнерство со бизнис школата Инсед и Универзитетот Корнел од САД.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Утре посвежо време и ветер со брзина од 70 км на час

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk