Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово соопшти дека од годинава, по согласност на семејството на Васил Иљоски, се воспоставува награда со неговото име за особен придонес во културата и актерската игра од областа на комедиографијата. Наградата ќе ја добие доајенката на македонската телевизија и најпрепознатливиот лик од народните приказни, Шенка Колозова.
Од Центарот соопштија дека награда на Колозова ќе ѝ биде врачена на отварањето на фестивалот Денови на комедија.
Д. Е.