Градинките засега ќе ги згрижуваат само децата чии родители ќе донесат потврда од работа дека не можат да ги извршуваат обврските од дома, како и децата на самохраните родители што одат на работа.
Уписите на нови деца ќе бидат можни само ако во одредена градинка се згрижени помалку деца во групите од предвиденото според протоколите, но и ако тоа го дозволуваат просторните капацитети на овие згрижувачки установи.
Вакви се првичните состојби пред отворањето на овие државни установи за згрижување деца.
Повеќе на Деца.мк.