Првиот вицепремиер Артан Груби вели дека уривањето на дивоградбата пред Мавровка било пред изборно барање на ДУИ. Тој во гостувањето на дневникот на Сител порача дека мора да владее правдата.
– Не ја донесе премиерот оваа одлука, ја донесе владата како колективно тело и тоа беше дел уште од преговорите како наше барање. Приоритет ќе ни биде владеење на право и неселективна правда, рече Груби.
Запрашан дали ќе има постапка и за платформите на Матка и во Охрид за дивоградбите на членот на ДУИ Нефи Усеини, тој вели дека по таква една логика треба да започнат со партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.
-Апсолутно секако, мора да се почитува законот и ке видите апсолутен фокус на неселективна правда, ако има незаконско изградено седиште на партија, ако има дивоградба во Тетово, Гостивар, Струга ќе има постапка. Амам многу е важно да не постапува партијата туку тоа да го прават институциите, рече Груби во гостувањето на Сител.