Во болниците во земјава, вкупно лица се лекуваат 276 пациенти со ковид-19, покажува статистиката од Министерството за здравство за изминатите 24 часа пренесе 360 степени.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 8 пациенти, со што вкупно таму има хоспитализирани 79 лица. На кислородна поддршка се 43 лица.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 6 нови, со што вкупно хоспитализирани се 21 пациенти и нема ниту еден на респираторна машина.
Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 2 позитивни деца, 2 мајки и 2 деца суспектни на вирусот.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 12, а во болницата во Штип се хоспитализирани 48 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 116, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Инфективната клиника уште во јуни го смени начинот на лекување на пациентите со ковид и претстана да ги става на респиратор.
Како што изјави тогаш директорката на клиниката Милена Стевановиќ за „Слободен печат“, нивното искуство и искуството во светски размери покажало дека интубирањето и ставањето на апарат за вештачко дишење не дава резултати во лекувањето на болните од ковид-19.
„Сфативме дека и покрај ставањето на апарати за дишење ги губиме пациентите. Неуспесите беа повеќе од евидентни пред се заради специфичната патофизиологија на болеста и нејзината непредвидливост. Се покажа дека апаратот за вентилирање најчесто не помага кај пациентите со ковид-19. Во таа насока одат и светските искуства.“, вели Стевановиќ за „Слободен печат“.