Синот на Венко Филипче, кој е 9. одделение ќе учи онлајн, а синот на министерката за образование, Мила Царовска е трето одделение и ќе оди во училиште. Ова пред два дена го изјавија министерот за здравство и министерката за образование и наука.
„Конкретно моето дете е во погорните одделениа, 9 одделение, и треба да следи онлајн настава, но јас лично ги почитувам сите препораки. Тогаш кога ќе се створат услови за физичко присуство во училиштето така и ќе оди. Морам да кажам дека има се поголем број деца на таа возраст кои за време на дружбите користат заштитни маски што е за поздравување и ги охрабрувам и другите родители на тоа да укажуваат, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
Претставници на ЗЕЛС вчера се сретнаа со министерката Царовска.
„Не сите училишта имаат исти услови, дури и на ниво на една општина. Правиме напори со цел во вонредни услови да најдеме доволно добро решение за почнување на училишната година, а да се исполнат и обврските на општините во делот на почитување на протоколите за да го зачуваме здравјето. Во рамките на можностите со кои располагаме да овозможиме оптимален старт“, рече скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
Во планот за работа на училиштата што треба да го усвои Владата е понудено хронично болните наставници да држат настава од дома, рече Царовска.