ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Со 85 милиони евра од странски фондови ќе се имплементира енергетска ефикасност во земјава (инфографик)

September 5, 2020 19:08
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Македонската влада и локалните самоуправи во наредниов период ќе имаат на располагање околу 85 милиони евра обезбедени од странство за имплементација на мерките за енергетска ефикасност во земјава. Станува збор за покрупни проекти на национално ниво за коишто се издвоени позначајни финансиски средства, при што дел од нив веќе се во фаза на реализација, а дел сè уште се незапочнати, пренесува Мета.

Како што информираат од Министерството за економија за „Мета.мк“, Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор ќе се финансира со заем од Светската банка во вредност од 25 милиони евра. Во Собранието на РСМ треба допрва да се изгласа законот за задолжување, по што и официјално ќе биде потпишан договорот. Од вкупно 2.441 објект под ингеренции на државните институции и локалните власти, со овој проект ќе се реновираат околу 100 згради.

– Се очекува најпрво да се започне со имплементација на компонентите 1 и 2 односно инвестиции во општински објекти користејќи механизам за отплата на под-заем преку Министерството за финансии, згради на централната власт под Министерството за здравство, како и поддршка за спроведување на проектот и политиките/техничка помош за формирање на револвинг Фонд за енергетска ефикасност – информираат од Министерството за економија.

Во фаза на реализација е и проектот за енергетска ефикасност во станбениот сектор во износ од 25 милиони евра. Овој проект се реализира во соработка со Хабитат Македонија, а средствата ќе бидат обезбедени од Европската инвестициска банка.

– Проектот ќе ги опфати индивидуалните и колективните домаќинства. Со овој проект се очекува да бидат опфатени околу 25.000 домаќинства – велат од Министерството за економија.

Воедно, Министерството за финансии во декември минатата година го потпиша договорот за позајмување на 20 милиони евра за Проектот за енергетска ефикасност во студентски домови преку германската КфВ банка. Со претстојниот зафат ќе се изврши темелна реконструкција на седум студентски домови низ државава, со кои ќе се опфатат зафатите од промена на прозорци, врати и кровови на објектите, преку нови енергетски ефикасни фасади, до замена на електричната инсталација, поставување на нови системи за греење и искористување на обновливите извори на енергија.

Дополнително, во фаза на реализација е и проектот „Создавање услови за реализација на ЕСКО проекти“, кој со 5 милиони евра е финансиран од Регионалната програма за енергетска ефикасност. Со него се финансираат проекти за енергетска ефикасност за уличното осветлување и малите дистрибутивни системи за греење во општините. Со овој проект досега се опфатени осум општини низ земјава во делот на имплементацијата на енергетската ефикасност кај јавното улично осветлување.

На одобрување чека потенцијалниот грант од 10 милиони евра преку Зелениот климатски фонд. Од Министерството за економија велат дека истиот се планира да ја дополни компонентата 3 од Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, како и да биде искористен за обезбедување почетен капитал и оперативни трошоци за формирање на националниот Фонд за енергетска ефикасност.

Северна Македонија неодамна ја доби најновата „Стратегија за развој на енергетиката до 2040 година“, во која се наведува дека во наредните две децении на земјава ќе ѝ бидат потребни минимум 1,5 милијарди евра за реконструкција на постојните јавни, станбени и комерцијални објекти во насока на имплементирање на мерките за енергетска ефикасност. Нашата земја е една од ретките во Европа, во која што сè уште не е формиран национален Фонд за енергетска ефикасност.

Извор: Мета.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Состојба со Ковид-19 во светот

НАЈНОВО

Демант на Спасовски: Никогаш не сум спречил контрола, ДПМНЕ во очаен обид да ја прикрие вистината за Кочани

October 12, 2025

(ВИДЕО) Герасимовски: Срамно, намерно се остава смет покрај празни контејнери за црна кампања, но ќе исчистиме

October 12, 2025
Фото скриншот

Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk