ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Standard & Poor’s“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава ББ- со стабилен изглед

Ова се должи на поволните очекувања за раст на економијата на долг рок, стабилизирање на долгот на умерено ниво и пристап на државата до финансиските пазари.

September 5, 2020 08:36
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Кредитната рејтинг агенција „Standard & Poor’s“ го потврди кредитниот рејтинг на Северна Македонија ББ- со стабилен изглед, соопшти Министерството за финансии.

Потврдата на рејтингот го рефлектира ставот на „Standard & Poor’s“ дека, и покрај острата економска контракција во 2020 година Северна Македонија има фискален простор да управува со јавните финансии.  Ова се должи на поволните очекувања за раст на економијата на долг рок, стабилизирање на долгот на умерено ниво и пристап на државата до финансиските пазари.

Како резултат на директните и индиректните ефекти, од агенцијата очекуваат годинава контракција на македонската економија за 6%, по што во 2021 година ќе следи заздравување од 3,5%. Нивната оценка е дека светската економија годинава ќе има контракција од 3,8%, а еврозоната од 7,8%, каде што се лоцирани најголем дел од трговските партери на земјата.

Проекциите на кредитната рејтинг агенција се дека до крајот на годината државниот долг ќе изнесува 51% од БДП. Финансирањето на потребите, односно на проширениот дефицит како резултат на пандемијата и на обврските кои достасуваат, се обезбедени преку успешна емисија на еврообврзницата во износ од 700 милиони евра и  заемите од ММФ од 176 милиони евра и од Европска комисија од 160 милиони евра. Со овие задолжувања државата има целосно обезбедено финансиски ресурси за 2020 година, при што агенцијата нотира дека ќе останат финансиски средства што ќе се префрлат за следната година.

Во извештајот се нотира и дека земјава добила зелено светло за почеток на преговори за членство во Европската унија и дека ова може да придонесе за интензивирање на спроведувањето на структурните реформи, а со тоа и развој на земјата. Исто така, генерално забележуваат подобрувања во политичката стабилност во земјава во последниве години, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Next Post

Владеење на правото, а не на моќниците – цел на најавените реформи во правосудството

НАЈНОВО

Фотомонтажа Фронтлајн и Анаис

ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

November 1, 2025
Фото: МВР Србија

Една година од трагедијата во Нови Сад: Со 16-минутна тишина оддадена почит на загинатите

November 1, 2025

„Јон Вардар против Галаксијата“ со белгиска премиера во Бриж

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Генерирано со ВИ

    Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дерала за Алсат М: Националистичката реторика за време на локалните избори буквално ги замени сите други слогани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Kога вештачката интелигенција станува режисер: Видео револуцијата со Sora и Gemini

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk