Минатата недела во супермаркет во Северна Калифорнија, посетител успеал да долови видео од мечка што е на шопинг, јавува Ројтерс.
WATCH:This bear was spotted rummaging for food at a California supermarket ? https://t.co/LdCIvjuXVW pic.twitter.com/BU5ZLJiuDQ
— Reuters (@Reuters) September 6, 2020
Купувачите од маркетот „Кингс Бич Сајфвеј“ покрај езерото Тахо, на 25 август ја забележале мечката како „рутински“ си пазари во супермаркетот.
„Само што мирно пристигнувавме во продавницата. Не ни замислував што ќе најдеме. Колку што знам, ова е втор пат да се случи тоа“, вели купувачот Руби Неварез.
Локалните медиуми објавија дека мечка ја посетила истата продавница на 18 август – и тогаш излегла со кеса со тортиљи што си ги подигнала од полиците на маркетот.
Не беше јасно што бара мечката забележана од Неварез, но на крајот мечката го напуштила маркетот без никаква врева и последици.
„Мечката излезе сама откако ја виде целата гужва што ја предизвика“, рече Неварез за Ројтерс.
Ј. Ѓ.