ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Џафери со честитка за 8 Септември: Продолжуваме кон следната цел, кон следниот успех, полноправното членство во ЕУ

September 7, 2020 15:41
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери во свое лично име и од име на пратениците упати честитка по повод 8-ми Септември, најзначајниот ден во растот и развојот на нашата држава – Денот на независноста.

-Заедно, растеме, се справуваме секојдневно со секакви предизвици, ситуации, кризи од секаква природа, и тоа го правиме заедно, како семејство затоа што тоа е најдобриот начин, така сме најсилни, и така сме непобедливи. Ниту еден предизвик не е доволно голем за моќта и нескршливоста на единството, па дури ни пандемијата на КОВИД – 19 која надвиснала над целата Земјина топка и ги става на тест здравствените и економските системи на државите. Ќе го надминеме и ова, заедно, сплотени, со целосно почитување на здравствените и други протоколи, иако тоа значи целосно менување на нашиот воспоставен начин на живот каде топлата прегратка е најдобриот лек за секоја тешкотија. Ќе продолжиме да праќаме добри, позитивни мисли кои ќе шират енергија која обединува и дава сила. Иако школското ѕвоно оваа година ќе ѕвони подоцна и поинаку, на сите ученици и студенти им посакувам успешна учебна година и желбата за знаење нека им биде единствен патоказ низ животот, пишува Џафери во честитката.

Републиката, како што посочува претседателот на Собранието, низ годините, доживеа и преживеа низа кризи, дури и конфликт, меѓутоа, секогаш го знаеше својот пат и правец и целта која ја имаше како водилка на тој пат.

-Доказ дека е на вистинскиот пат е и овогодишниот огромен успех, полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, моќниот воено-политички сојуз, и тоа е успех за нас, за безбедноста и сигурноста на државата. Продолжуваме понатака, кон следната цел, кон следниот успех, полноправното членство во Европската Унија. За тој сон да стане реалност, мораме да ја задржиме истата динамика, истиот жар и посветеност и секако, верба дека ќе успееме. А ќе успееме ако изградиме силни, функционални институции кои во секој миг, во секој агол од оваа наша прекрасна татковина, ќе работат и придонесуваат подеднакво, искрено и транспарентно, ќе ги третираат нашите граѓани и нивните права на правичен начин. Затоа што, така се сака татковината, кога и татковината те сака тебе, искрено и безрезервно. Тогаш, ти и возвраќаш со грижа, верност и љубов и сакаш твоите деца, внуци и правнуци да продолжат да ја сакаат, чуваат и градат земјата во која се родиле нивните родители, нивните предци и тука да ги рашират крилата и да ги достигнат највисоки врвови. Нека ни е среќна и долговечна, нека расте и се развива во напредна, економски силна, европска Република Северна Македонија, пишува Џафери во честитката по повод Денот на Републиката.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Српска жандармерија насилно пред Правен факултет во Белград. Фото: Скриншот

ЕУ ги осуди омразата и насилството во Србија и повика на избегнување ескалација

July 3, 2025

Фудбалскиот свет се збогува со Диого Жота и неговиот брат Андре Силва

July 3, 2025

Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костадинов објави замрзнување на членството во СДСМ, откако не се најде на листата за градоначалници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk