ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ангеловска-Бежоска: Се забележува постепено стабилизирање на меѓународните финансиски пазари

September 7, 2020 10:55
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

 По затегнувањето на глобалните финансиски услови со раст на каматните стапки и отежнат пристап до финансии во март, во последниов период на меѓународните финансиски пазари се забележува постепено стабилизирање, оценува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, во интервју за неделникот „Фокус“.

Како што истакнува, стабилизирањето на меѓународните финансиски пазари е видливо преку порастот на цените на акциите, намалувањето на премиите за кредитен ризик, но и подобрените општи согледувања за брзорастечките економии и земјите во развој, видливи преку помалите капитални одливи од овие економии. Дополнителен сигнал којшто посочува на постепено нормализирање е и намалувањето на каматите на должничките инструменти издадени од овие земји, по наглиот раст на почетокот на ковид-кризата, при што тековно каматите се на слично ниво со преткризниот период.

Според гувернерката, иако неизвесноста за економските последици од пандемијата и натаму е присутна, има неколку аспекти коишто упатуваат на можност за постепено намалување на интензитетот на негативните ефекти во периодот што следува, доколку не дојде до поголема ескалација на здравствената криза.

–Прво, монетарната и фискалната реакција на развиените економии беа силни и брзи – значајно побрзи во споредба со глобалната економска криза од 2008-2009 година и со самото тоа оневозможија ликвидносни недостатоци на глобалните пазари. Второ, по искуството со првиот бран на пандемијата, пазарните очекувања се дека реакцијата на понатамошниот тек на здравствената криза веројатно нема да биде повторно со целосно затворање на економиите, се разбира доколку нема позначајна ескалација на состојбата. Трето, не смееме да заборавиме дека за разлика од други епизоди, оваа епизода не е одраз на претходен неодржлив модел на економски раст, со што и трајноста на последиците би требало да е помала доколку се спроведуваат соодветни макроекономски политики. На крајот, не е исклучено дека пандемијата ќе се одрази повеќе на некои услужни дејности, но истовремено очигледно го забрзува процесот на дигитализација во сите сегменти, што може да значи иден поголем потенцијал за економски раст, вели Ангеловска-Бежоска за „Фокус“.

Во интервјуто, гувернерката посочува и дека според априлските проекции на Народната банка, најголем негативен ефект се очекува во второто тримесечје од оваа година. Притоа, краткорочните економски индикатори упатуваат дека ефектот е најизразен во периодот април-мај.

–Bo јуни, годишниот пад и на производството во индустријата и во извoзниот сектор позначајно забавува. Ваквите остварувања, делумно се одраз и на нашата вклученост во глобалните синџири на производство на автомобилската индустрија, коишто привремено беа прекинати, но веќе од мај започнаа да функционираат, оценува Ангеловска-Бежоска.

Пакетот мерки на Народната банка овозможи непречено кредитирање и финансиска поддршка за економијата преку банкарскиот систем, што е видливо преку солидната стапка на раст на кредитите на крајот на јули од околу 8 отсто на годишна основа. Овој раст е на ниво на растот остварен на пример, во Хрватска, а е евидентно повисок од растот во Албанија, Бугарија и Словенија, како и во еврозоната.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Малолетничка прегазена од трактор во Радовишко

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk