Досегашниот шеф на дипломатијата и сегашен заменик на Претседателот за европски прашања во новиот владин состав, Никола Димитров, упати честитка преку своите профили на социјалните мрежи по повод Денот на македонската независност, 8 септември.
„Секој човек одделно, а не општеството или религијата, е лично одговорен за давањето смисла на животот и битките да ги живее страсно и искрено – Коле Неделковски“
Само со индивидуална одговорност и со личен влог ќе направиме од ова парче земја држава за пример.
Големи битки добивме, во нив се вложив и страсно и искрено.
Ама такви допрва се пред нас.
Ајде сите заедно, нѐ чека полето за натпревар со народите, нѐ чека Европа да ѝ покажеме што можеме.
Ајде да го препознаеме моментот и секој следен роденден да го славиме сѐ погорди и сѐ поуспешни.
Честит нека ни е Денот на независноста, вечна да е Република Северна Македонија, нашата Македонија, напиша Димитров на својот профил на Фејсбук.
Д. Е.