Ред, правда и дисциплина мора да има, поредокот мора да важи за сите и тоа го започнуваме со функционерите, прекршување на закон значи затвор, неетичко однесување значи оставка или разрешување, истакна премиерот Зоран Заев за националната телевизија.
Тој додаде дека сите случаи од СЈО поднесени до судот се активни и сите треба да имаат завршница, но мора да се подобри ефикасноста. Законите ќе значат прочистување на судството, судскиот совет има механизми да види кој застарувал предмети, како се враќаат предмети, механизми за проверка имаат и Државната комисија за спречување на корупцијата, управата за јавни приходи, рече Заев.
Законот за јавно обвинителство е донесен ги има решенијата за сите случаи и за истраги, но ние мора да го екипираме судството и обвинителството, бидејќи недостасуваат кадри и да ги опремиме институциите, не може да пишуваат записници на машина за куцање, рече Заев.
Ако во судска постапка се докаже, секој ќе одговара, никој не е виновен без судски пресуди, но пресуди мора да има, мора да се зголеми транспарентноста, порача Заев. Ние отворивме фронт против криминалот и корупцијата, но јас не сум волжебник да го направам тоа сам, важни се медимуите, инстиуциите, сите карики на општеството,и дај боже да бидеме 100 % успешни, порача Заев