ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Значително опаѓа посетеноста во Охрид и туристичките населби на брегот на Охридското Езеро

Иако ова лето речиси и немаше странски гости сепак посетеноста на Охрид и туристичките населби на крајбрежјето, особено за викендите, беше задоволувачка, во одредени денови и поголема од капацитетите за сместување. Новата реалност наметната со епидемијата на коронавирусот значеше промена во профилот гости во Охрид, туристи со поинакви навики, очекувања, можности.

September 10, 2020 09:21
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Одложувањето на почетокот на училишната година и убавото време ја продолжија сезоната на охридското крајбрежје, но посетеноста на градот и околните места забележително опаѓа.

Изминатиот викенд во градот имаше солидна посетеност, оние што можеа го споија викендот со неработниот ден по повод националниот празник, но веќе сега градот ја добива онаа своја слика, карактеристична за деновите надвор од главната летна туристичка сезона.

Раздвиженоста е значително помала, посетеноста на угостителските објекти исто така намалена, а се помалку луѓе има и по плажите, иако временските услови се мошне поволни за овој период од годината.

Температурата на воздухот изнесува до 30 степени што е идеално и карактеристично за Охрид како град на голема надморска височина, а температурата на водата во езерото е некаде 22 степени Целзиусови, освежувачка и пријатна за капење и рекреација.

Иако ова лето речиси и немаше странски гости сепак посетеноста на Охрид и туристичките населби на крајбрежјето, особено за викендите, беше задоволувачка, во одредени денови и поголема од капацитетите за сместување. Новата реалност наметната со епидемијата на коронавирусот значеше промена во профилот гости во Охрид, туристи со поинакви навики, очекувања, можности.

Тоа се почувствува кај стопанствениците, особено оние од угостителскиот сектор, но таква е реалноста на која туристичките субјекти и угостителските стопанственици ќе мора да се прилагодат, барем до отворањето на границите и повторното враќање на странските гости.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Испораката на вакцини против коронавирус во светот ќе биде историски предизвик, потребни 8.000 авиони

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk