ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Апанажа побарале речиси сите пратеници од претходниот пaрламентарен состав

September 11, 2020 17:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси сите пратеници од претходниот парламентарен состав, независно на која партија односно коалиција припаѓаат, поднеле барање за Собранието да им исплаќа плата и по нивниот мандат. 19 пратеници кои бараат апанажа се од СДСМ и коалицијата, потоа, 15 од ВМРО-ДПМНЕ, четири од Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, тројца од ДУИ, двајца независни пратениви и еден од Алтенратива, дознава „А1он“.

Александар Кирацовски, Хари Локвенец, Милева Горгиева, Сашко Атанасов, Далибор Богдановски, Агим Муртезанов, Благојче Трпевски, Сашко Костов, Тања Ковачев, Мери Лазарова, Бетиан Китев, Славица Шуманска Митева се пратениците од СДСМ, кои бараат од Собранието да добиваат апанажа следните 12 месеци. Пратеникот Александар Филиповски, кој дојде на местото од Павле Богоевски, по престанокот на мандатот бара да добива апанажа наредните девет месеци, дознава „А1он“.

Од коалицијата на СДСМ, апанажа наредните 12 месеци бараат и Мирослав Јовановиќ, кој е претседател на Српската странка во Македонија и Алија Камбероски од ПЕИ, потоа, Амди Бајрам кој бара исплата на апанажа само за август бидејќи потоа заминува во пензија. Освен овие имиња, меѓу барателите на апанажа е и Александра Цветкоска која влезе во Собранието на местото од Горан Милески кој стана министер за локална самоуправа.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, скоро сите бараат апанажа да им се исплаќа 12 месеци. Меѓу нив се Владимир Ѓорчев, Илија Димовски и Трајко Вељановски кои 14 години, односно пет мандати беа пратеници. Потоа, Лилјана Затуроска која беше пратеничка од 2009 година, односно повеќе од една деценија. Според нашите извори, на листата се и Емил Димитриев, Трајчо Димков, Зоран Илиоски, Весна Дамчевска Илиевска, Магдалена Манаскова, кои седеа во собраниските клупи по два мандати. Од останатите, апанажа бараат Иван Иванов од Штип, Благоја Деспотоски, Јохан Тарчуловски, Никола Попоски. Меѓу експратениците на ВМРО-ДПМНЕ има и такви кои бараат апанажа до пензија. Таков пример е пратеничката Нада Ципушева која беше пратеничка два мандати, а и фалат 1 година, 5 месеци и 18 дена до пензија. Помалку од 12 месеци, апанажа ќе зема само експратеникот Ѓоко Камчев, кој влезе во Собранието откако беше констатирана оставката на екслидерот на партијата, Никола Груевски.

Барања за апанажа има и од поранешните пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, а кои подоцна формираа Независна пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Од нив, апанажа до пензионирање, односно 1 година и 3 месеци бара Љубен Арнаудов, дознава „А1 ОН“.

Потоа, Нола Ислајлоска-Старова која беше пратеничка од 2014 година, Крсто Мукоски кој седеше во Собранието два мандати и Елизабета Канческа-Милеска еден мандат, бараат апанажа по 12 месеци.

Од составот на ДУИ, апанажа бара експратеникот Агим Шаќири кој го спаси Трајко Вељановски од притвор, со неговото неприсуствување на комисијата која одлучуваше по барањето на судот. Освен тој, пари наредните 12 месеци во висина на нивната плата бараат Џеват Адеми и Шпреса Хадри.

Меѓу останатите кои беа независни пратеници, апанажа бараат Никица Корубин од редовите на ЛДП и Јусуф Хасани, пратеник на Демократската партија на Турците (ДПТ) кој во 2019 ја напушти коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот текст можете да го прочитате на А1 ОН.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

РКЕ: Барањето на ВМРО-ДПМНЕ архивирано по стандардна процедура

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Каков белег остави Дајан Китон – вечната дама на американската кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk