На 11 септември 2001 година, во терористички организиран напад беа киднапирани 4 авиони од кои 3 погодија важни објекти во САД како Пентагон во Вашингтон и Светскиот трговски центар во Њујорк, додека еден од авионите се урнал во поле во Шенксвил, Пенсилванија.
Овие напади се најголемиот акт на тероризам досега во САД, со речиси 3000 жртви и огромен удар врз економијата. Токму овој настан го зголеми вниманието на САД кон националната безбедност.
Денот се одбележува со оддавање почит на загинатите, некои упатуваат едноминутно молчење во 8:46 часот што е времето на ударот на првиот авион во едната од кулите близначки. Во местата засегнати директно со настанот се одржуваат црковни молитви за настраданите, се положува цвеќе на споменици итн.
Со директива на претседателот, пред домот на сите Американци треба да биде поставено државното знаме, исто како и пред Белата куќа и сите згради на САД низ светот. Знамето е на пола копје во знак на почит кон сите кои ги изгубиле животите на 11 септември 2001 година.
Д. Е.