ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ал Каеда повторно се заканува на „Шарли Ебдо“ поради објавувањето на карикатурите со Мухамед

Одбележувајќи го почетокот на судењето за џихадистичките напади врз „Шарли Ебдо“, полицајци и еврејскиот супермаркет во Париз во 2015 година,  во кој загинаа 17 лица, сатиричниот весник ги објави карикатурите на Мухамед, што неделникот повторно го направија цел на џихадистите.

September 12, 2020 09:54
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Убиствената акција против „Шарли Ебдо“ не беше еднократна случка, предупредува џихадистичката организација во својот вчера објавен извештај. Имено, Ал Каеда уште еднаш му се закани на францускиот сатиричен неделник „Шарли Ебдо“, кој повторно објави карикатури на пророкот на исламот Мухамед по повод судењето за нападот на весникот во јануари 2015 година, пренесе американската група „СИТЕ“, специјализирана за надзор над џихадистичките организации, јави дописникот на МИА.

Одбележувајќи го почетокот на судењето за џихадистичките напади врз „Шарли Ебдо“, полицајци и еврејскиот супермаркет во Париз во 2015 година,  во кој загинаа 17 лица, сатиричниот весник ги објави карикатурите на Мухамед, што неделникот повторно го направија цел на џихадистите.

Претседателот Макрон даде зелено светло за ова реобјавување, обвинува Ал Каида.

-Доколку вашата слобода на изразување не почитува никакви ограничувања, подгответе се да се соочите со слободата на нашите активности, се заканува џихадистичката организација во своето соопштение, објавено на 11 септември, годишнината од нападите против САД во септември 2001 година – поттикнати од џихадистичката група. Исто така, според „СИТЕ“, медиумите поврзани со џихадистичката организација Исламска држава, исто така, му се заканија на „Шарли Ебдо“ со репресии на почетокот на септември, по објавувањето на карикатурите на Мухамед.

На судењето што штотуку беше отворено, четиринаесетмина обвинети, од кои на тројца се суди во отсуство, се осомничени за различен степен на логистичка поддршка на браќата Саид и Шериф Куачи и на Амеди Кулибали, извршителите на убиствата на 17 лица, меѓу 7 и 9 јануари 2015 година и предизвикаа огромни демонстрации против тероризмот на 11 јануари во Франција, со присуство на неколку шефови на држави и странски влади.

На 7 јануари 2015 година, браќата Куачи убија 11 лица во напад против редакцијата на „Шарли Ебдо“ во Париз, пред да побегнат убивајќи полицаец. Следниот ден, Амеди Кулибали – кој се дружеше со Шериф Куачи во затвор – уби општинска полицајка во близина на Париз, а потоа на 9 јануари, тој погуби четворица мажи, сите Евреи, за време на заложничката драма во продавницата „Хипер Кашер“ во Источен Париз. Нивните терористички акции завршија со смртта на тројцата џихадисти при двоен полициски напад, извршен скоро истовремено во продавницата и во печатницата во парискиот регион каде се засолнија убијците од „Шарли Ебдо“./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Првата пилот-серија од вакцината „Спутник V“ испратена низ руските региони

НАЈНОВО

Зеленски: Нема да ги користиме ракетите „Томахавк“ врз цивилни цели во Русија

October 12, 2025

Мирен изборен ден во Косово со излезност под 40 проценти

October 12, 2025
Фото: СДСМ

(ВИДЕО) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност

October 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото скриншот

    Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ИРЛ со жесток одговор кон Героски за обидите за манипулација: „Кукавичко новинарство“ ангажирано во одбрана на вознемирени моќници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Виктор Спасески од Прилеп победник на 15. издание на „Поетски слем Македонија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Среќен ден на Востанието: и на старото и на тоа што треба да го кренеме

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вучиќ вели „Албанците се нервозни бидејќи излезноста на Србите на локалните избори во Косово е поголема“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk