Бугарија нема да става вето на патот кон првата меѓувладина конференција на Македонија со ЕУ, вели поранешниот бугарски претседател, Росен Плевнелиев во интервју за Телевизија 24.
По бугарските пораки со заканувачки тонови од страна на вицепремиерот Красимир Каракачанов и европратеникот Ковачев, Росен Плевнелиев претседател до 2017 година на Бугарија и екс министер во владата на премиерот Бојко Борисов, ја смирува топката.
Росен Плевнелиев претседател на Бугарија ( 2012 -2017год ) – Јас мислам дека тоа нема да се случи. Бугарија секогаш ја поддржувала Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон мирен, демократски и европски просперитет. Агендата на Софија кога Бугарија беше претседавач со Унијата го отвори патот на Земјите од Западен Балкан кон ЕУ. Бугарија прва ја призна Македонија. Ние сме братски народ. Некои политичари можат да зборуваат како ќе решат, но вистината е дека Бугарија е голем адвокат на соседите, ние сакаме просперитет, а тоа е возможно само со влез во ЕУ.