ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Сеља останува на чело на Алијансата на Албанците

September 12, 2020 19:12
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Зијадин Села понуди оставка на седница на Централното собрание, но мнозинството не ја прифати, со што тој и натаму ќе ја води најбројната опозициска партија во албанскиот блок.

Од партијата официјално се отстранети и претседателите на ограноците од Тетово и Долнени.

Според Села, отстранувањето следува откако тие пред изборите најавиле соработка со партијата „Беса”, а со нивните постапки и делување грубо го прекршиле партискиот статут.

Централното собрание на партијата на седницата работеше по шест точки, но по барање на лидерот беше ставена уште една точка која се однесуваше на неговата оставка. Со мнозинство гласови, оставката беше одбиена, со што на Села му продолжува мандатот како претседател.

Прочитајте и…  „Дневни аваз”: Мини шенген за унапредување на економските односи во регионот

На паузата од седницата која се одржува во спортската сала „Младост” во Гостивар, Села ги објасни одлуките за понудената оставка и отстранувањето на некои членови од нивните редови.

За понудената оставка рече дека тоа е морален чин по изборниот резултат, но одлуката е на највисокото раководството.

На прашање за актуелната политичка состојба во Северна Македонија и новото парламентарно мнозинство, Села одговори дека не е точно тоа што го кажува лидерот на СДСМ, Заев дека добил поддршка од уште тројца пратеници од опозицијата.

-Нема можности, ни теоретски, тоа се пратеници од нашата партија, а не верувам дека тоа се некои од ВМРО-ДПМНЕ, рече Села.

Органите на партијата на седницата го разгледуваа извештајот од Централниот изборен штаб на партијата за предвремените парламентарни избори одржани на 15 јули. Со една од точките на дневен ред се правеше и избор на нови членови во раководните тела. Кон крајот на седница, Централното собрание ќе ја анализира актуелната политичка ситуација и ќе донесе генерални насоки за натамошното делување.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Тројца пациенти повредени во пожарот во Кочани сè уште се надвор од државата

June 29, 2025

Максим Димитриевски реизбран за претседател на ЗНАМ

June 29, 2025

Ѓоковиќ вели дека се чувствува добро пред стартот на Вимблдон, Алкараз полн со самодоверба

June 29, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Утре и задутре во Скопје посебен сообраќаен режим поради средбата на лидерите од Западен Балкан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервјуто на Џабир Дерала за украинската агенција „Укринформ“ со силен одек во албанските медиуми во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Белград по антивладините протести – мирно, но напнато, десетици уапсени, најмалку двајца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Решението лежи во делотворно востание на духовите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk