ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во рамки на проект на ЕУ, Петре М. Андреевски ќе добие Спомен соба во родната Слоештица

Вредноста на овие инфраструктурни зафати изнесува 150.000 евра додека севкупната поддршка од ЕУ за партнерите од двете земји е 485.000 евра, истакна градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски.

September 12, 2020 14:24
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter
Општина Демир Хисар со поддршка од Европска Унија го реализира проектот „Откривање на скриените атракции“ во рамките на ИПА Прекуграничната програма меѓу С.Македонија и Албанија.

Заедно со Демир Хисар, општина Клос од Албанија и невладините организации Арт Поинт Гумно од с.Слоештица и ФЛАГ од Тирана ќе развијат туристички патувања исполнети со локални искуства како планинарење, часови за готвење, офф роад авантури, изработка на домашни ракотворби, собирање на лековити билки и други автентични доживувања заедно со локалното население.
“Во рамките на проектот „Откривање на скриените атракции“ село Слоештица прераснува во туристичка атракција пред сѐ заради природните убавини, валавиците и планинарските патеки во непосредна близина кои исто така ќе се уредат и обележат. Ќе биде уреден и видиковец и неколку места за одмор и рекреација околу селото. Вредноста на овие инфраструктурни зафати изнесува 150.000 евра додека севкупната поддршка од ЕУ за партнерите од двете земји е 485.000 евра, истакна градоначалникот на Општина Демир Хисар, Марјанче Стојановски.
Во село Слоештица комплетно ќе се реконструира стариот Задружен Дом во нов мултифункционален Центар кој ќе понуди и сместување за туристите
Со изградбата на новиот центар ќе биде уредена и Спомен соба на великанот на македнонскиот пишан збор, Петре М.Андреевски кој во родната Слоештица, меѓу останатите дела ја напиша и популарната Дениција. Во Спомен собата ќе бидат изложени и дел од неговите лични предмети кои ги подари неговото семејство.
Дополнително, во новиот мултифункционален Центар кој опфаќа површина од над 600м2 ќе биде отворена и продавница за локални производи: лековити билки, планински чаеви, печурки, шумски плодови, сувенири и ракотворби автентични за демирхисарскиот крај. Исто така ќе биде адаптирана летна сцена на која ќе се одржуваат настани атрактивни за пошироката публика и домашните туристи
Со проектот „Откривање на скриени атракции“ развиваме интересни патувања, ги мотивираме туристите да ги поминат границите меѓу С.Македонија и Албанија и да ги истражат недопрените места кои нудат уникатни искуства, а притоа да ја доживеат дестинацијата како една. Со реконструкцијата на стариот Задружен Дом, село Слоештица прераснува во микро-дестинација која може да пречека и анимира повеќе од 50 туристи во еден момент.
Локалното население и клубовите за активен туризам се вклучени во нашите проектни активности и заедно со нив ќе креираме туристичка понуда која одговара на светскиот тренд за активни патувања во автентични дестинации кои нудат локални искуства, превкусна здрава храна и недопрена природа – изјави Емилиа Ѓероска, менаџер на проектот.
Next Post

Протести на жолтите елеци во Париз, полицијата употреби солзавец и уапси над 150 лица

НАЈНОВО

Авганистан и Пакистан повторно преговараат во Истанбул

November 6, 2025

ДИК го отфрли приговорот за гласањето на пет избирачки места во Општина Брвеница, во тек е разгледување на приговорите за Општина Шуто Оризари

November 6, 2025

Mузичката елита ќе пее во чест на маестро Кире Костов, гала концерт во НОБ на 11 ноември

November 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мамдани ја мобилизираше надежта, а нашите медиуми – стравот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk