Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Кога слободата ќе престане да биде тема и смисла на борбата, помалку лудите војводи ги бесат манлихерите на дебелите шајки во плевните и овци одат да молзат во трлата. Мандраџии да бидат по бачилата.
Не сум чул Ордан Пиперката да барал од Абдул Хамид да ја собори цената на струјата. Или на газјето. Или Сарафов да штрајкувал со глад барајки од бугарскиот цар да ја врати ефтината тарифа. Јане да барал везирот да ја спушти цената на солта. Не ми се верува дека Гоце бил во Баница за да го крене народот против високите цени на основните животни потрепштини. Не би го убиле да знаеле дека под јорганот, всушност, ја убедувал едрата баничанка да станат од креветот и да излезат на улица со паролата “Аги и бегови, свеќи да ви светат на гробовите, народот си ги бара рефлекторите”.
Струја и така и така немало.
Како што немало ниту мерцедеси кабриолети.
Отсуството на темата за слободата не може да се надомести со волшебни интерпретации на оние што од почетокот на постоењето се бореле против. Со изнасилени проекции на абдулхамидизам во државништвото на Заев.
Со обидите да се убеди народот дека Македонија е султанат на ајварџијата од Муртино.
Замислете!
Ем ајварџија, ем црпко, ем султан!
Да му се смеат, ил да му се плашат!?
Мицковски не сака да сфати дека тоа е помалку апсурдно
и гротескно отколку кога за Моника Белучи би почнал да тврди дека е полоша од Алиса Кителер, најпознатата вештерка во 14 век.
Или дека ќе гледа да го убеди Болсанаро да ја стави Билјана Ванковска да игра левокрилен смечер во одбојкарската репрезентација на Бразил.
А брадесто говно од собранието да стане заменик шеф на Сендеро луминиосо во Перу.
Без ветерот и маглата за името, за уставот, за преамбулата, за тиранската платформа, за знамето, за химната, за светскиот заговор, вмро е кафеана без гости и алкохол, јавна куќа со ороспии без муштерии, мерцедес кабриолет без тркала, фирма на која историјата и го одзела предметот на мрачните желби.
Еуростандард во политиката.
Мицковски во државните работи е тоа што е Трифун во банкарството.
А можеби се во право оние кои велат дека тој е американска инсталација задолжен да ја држи под контрола простата маса на македонската шовинистичка будалаштина.
Ова може да биде тема на романот: Како времето го уби вемерето.
Екскомуницирана организација.
Ги земаа парите, но останаа без се.
Заринкан кит на големата плажа на Змискиот остров во Преспа.
Мртва организација која до влезот во ковчегот може да направи уште некоја штета.
Да ја држи атмосферата на перманентен пуч.
Квазиправославни фундаменталисти.
Антихристијански митревци.
Оценката за ситуацијата во Македонија не е соодветна не само на вистината туку и на мерките што ги презема вмро. Ако е ова окупација на Македонија од страна на тоа што тие го викаат заевистичка мафија, тогаш е тоа проблем што не се решава на улица или на избори, туку со црешово топче и востание.
Хахаха.
Со козите на Миленко.
Кои влегуваат на Зеленото пазарче обложени со самоубиствени појаси на ослободителниот тероризам.
Без закани што ќе прави вмро на власт, туку вмро на пат до власта, со власт што се освојува по секоја цена. Со Пандов кој паѓа покосен на скалите пред собранието и со Мицко кој пука од мака додека ги гледа ослепените војници на својот пролив.
Времето ја замочува жарта на катастрофизмот.
Животот му се посерува на рефренот: не не би ду а, не не би ду а…
Како некој пиринпланински Жак Брел.
Хахаха!
Агентите на смртта се во потрага по нови дупки, расфрлано ѓубре и луѓе без маски, но на другиот крај од жицата нема никаква возбуда.
Загубена е хемијата меѓу вмро и вмровизмот и граѓаните.
Заедно со сите обнадежени катастрофичари од другата страна на политичкиот спектар.
Луѓето си велат, добро, ако не не бива, за кој кур да се секираме.
А има и такви кои велат: ма, не ме заебавај бре?!
Бивањето е процес.
Имам една лоша и една добра вест.
Еве ви ги како мезе пред неделниот ручек
1. Кога вмро ќе се врати на власт сите ќе ве ебе.
2. Вмро никогаш нема да се врати на власт.
Која вест е добра, а која е лоша?!
Рафе ми обрна внимание, пишував за тоа пред некој ден на фејсбук, на еден многу важен момент, имено, на фактот дека вмороните демонстрирале против нешто што има врска со животот, против скапата струја, значи, не против ветерот и маглата на името, на идентитетот, на знамето, на копјето и на курот на Александар, што е многу добар знак, некаков драматичен пресврт во светогледот, дури, ми рече, има информации дека следните демонстрации ќе бидат за книгата, луѓето ќе бараат книги, не леб, оти лебот ќе го изедеш и после што, а ако читаш книги секогаш ќе знаеш како да дојдеш до леб, хахаха, ова фаза кај вмороните е еднаква на фазата на опозиција на палецот кај лемурите.
Па, да, можам да потврдам во оваа прилика, животот се однесува кон нивната тврдоглавост и зло како што еволуцијата се однесува кон непотребните елементи на организмот, Македонецот во ерата на вмро е хомо сапиенс кој излегува од пештерата и на кој вемерето му отпаѓа како крзно, под дејство на современите процеси, Макединецот трајно се лиња од вмро, од кикифрики, од милчин, тепихот пред телевизорот е полн со влакна, ужас, но тоа е цената на напредокот.