ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Димитров: Владата ѝ подава рака на опозицијата за соработка на патот кон ЕУ

September 13, 2020 20:04
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Допрва јавноста ќе суди, а и историјата ќе каже каков чекор бил Преспанскиот договор во однос на достинството и афирмацијата на идентитетот на македонскиот народ. Можеме да дебатираме за мислења, но факт е дека овој Договор ни ги испорача членството во НАТО и зеленото светло за ЕУ. Дури и оние што тврдат или декларативно се против Преспанскиот договор, се повикуваат на него во делот на македонскиот јазик, рече вицепремиерот за евроинтеграции, Никола Димитров.

Во гостување на ТВ Сител, Димитров напомена дека сега, во овој момент, е најбитно како ќе ја испишеме новата страница со Грција.

-Имаме целосен пресврт во односите со Грција. Сега ќе патуваме заедно со премиерот Заев. Отворивме нова страница. Токму денеска грчкиот премиер изјави – „ние имаме некои дилеми, забелешки околу Преспанскиот договор“. Но, тој Договор е ратификуван и треба да се почитува. Убаво би било и кај нас да го заокружиме овој процес. Прашањето е како да ја испишеме новата страница со Грција. Факт е дека овој Договор ни ги испорача членството во НАТО и зеленто светло за ЕУ. Потребни ни се што повеќе конкретни проекти, посебно од областа на економијата и граничните премини за граѓаните од двете страни да видат што носи ова ново пријателство за нас и за соседите. Ќе се обидеме да разговараме за заедничка владина седница. Ова треба да настојуваме да го добиеме со сите наши соседи. Многу е значајно да се фокусираме на она што можеме да го смениме, на денешнината и иднината. На минатото сме горди, мора да најдеме наќин да си го зачуваме достинството ако сакаме напред, но минатотот не можеме да го смениме, а нашата генерација мора да покаже дека може да создава вредност, истакна Димитров.

Во однос на Европската унија и подготвеноста на земјава за преговори, Димитров најави засилување на тимот, но истакна и дека Владата и подава рака на опозицијата за соработка на патот кон ЕУ.

-Институциите се луѓето. Ќе има рестартирање и скок во СЕП. Сите граѓани со образование и искуство во областа на евроинтеграциите би ги повикал, да се мобилизираме, да застанеме заедно, јас ќе направам сé целиот потенцијал да биде вклучен во тим што ќе трука сериозно напред. Пред нас имаме златна шанса, европското законодавство и стандарди да ги доенсеме дома и на хартија и во реалноста.

Околу фондовите, немаме луксуз да бидеме бавни за да ги стигнеме Европа и европскиот стандард. Скоро ќе излезам со пресек каде сме сега и каде сакаме да одиме. Годините пред нас се исклучително важни. Да се бориме, да соработуваме и во дневната политика на овие прашања. Ние како Влада ќе и подадеме рака на опозицијата зашто имаме златна шанса пред нас, подвлече вицепремиерот./МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Каранфилова – Пановска: Пораките на Кошта се јасни, одговорност на власта е да го деблокира европскиот пат

May 15, 2025

Дојава за бомба во салата „Јане Сандански”

May 15, 2025
Зеленски во Турција. Фото: Скриншот

Преговори Украина – Русија утре во Истанбул, Зеленски ја напушти Турција

May 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Величковски: Среде Скопје Кошта ги торпедираше замајувањата на пропагандата на ВМРО-ДПМНЕ за „план Б” и „креативни решенија”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога дете по 10 години ќе нè праша – Оти не сме во ЕУ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk