ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маџари и Сингелиќ ќе добијат велосипедска врска со Центар, активистите го бараат истото и за Чаир

Од граѓанската иницијатива „На Точак“ ја поздравуваат ваквата одлука на градските власти, но и посочуваат дека ова треба да прерасне во редовна пракса при изградбата и реконструкцијата на улиците во градот.

September 14, 2020 18:23
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Скопските населби Маџари и Сингелиќ ќе добијат велосипедско поврзување со централното градско подрачје во рамките на тековната реконструкција на булеварот Александар Македонски, пренесува Мета.

Градот Скопје за прв пат ќе врши експропријација на земјиште за да се изгради велосипедска патека по овој булевар, преку која граѓаните од овие две населби ќе можат да патуваат со велосипед до центарот на Скопје. Станува збор за продолжување на велосипедската рута 1 од проектот „Скопје велоград“, која во моментов е изградена на потегот од населбата Автокоманда до Карпош.

Од граѓанската иницијатива „На Точак“ ја поздравуваат ваквата одлука на градските власти, но и посочуваат дека ова треба да прерасне во редовна пракса при изградбата и реконструкцијата на улиците во градот. Тие деновиве испратиле и допис до Град Скопје во однос на најавата за одложување на изработката на проектната документација за тунелот под Скопското Кале, со чија што изградба општините Чаир, Бутел и Шуто Оризари преку Пластичарската улица треба да се поврзат со нова сообраќајница со центарот на Скопје.

Од „На Точак“ во дописот велат дека ако навистина има потреба од изградба на новата сообраќајница, која што треба да се поврзе кај Владата со булеварите „Св.Климент Охридски“ и „Илинден“, тогаш задолжително да се обезбеди безбеден пешачки и велосипедски сообраќај по неа. Тие бараат намалување на планираната ширина на коловозните ленти од 3,5 на 3 метри, тротоари со ширина од минимум 3 метри и велосипедски патеки од по 2,5 метри во двата правци на идната сообраќајница. Ако нема услови за вакво нешто, тогаш тие бараат да се изгради посебен пешачко-велосипедски мост и тунел за да можат граѓаните на овие општини поедноставно да стигнат до центарот на Скопје.

„Оваа врска по Климент Охридски ќе биде многу, многу атрактивна за пешачење и користење точак, за скратување дистанци меѓу Чаир и Центар, сакале или не. И ако не обезбедите специјален простор за нив, луѓето ќе го користат коловозот, ќе пречат на автомобилите, а и ќе ГИНАТ. Со најавените димензии, овој вијадукт ќе донесе пребрз сообраќај (околу 100 km/h) до Илинденска во срцето на Градот и ќе ја загрози безбедноста и амбиентот на живеење во најстрогиот центар. Поради сето наведено, бараме да се ревидира тендерската документација“, се вели во дописот испратен од „На Точак“ до Град Скопје.

Од „На Точак“ забележуваат дека токму граѓаните на Чаир и Бутел немаат ниту една велосипедска врска со центарот на Скопје, а треба да ги имаат и по улицата Цветан Димов и по идната сообраќајница што ќе се гради.

Инаку, „Мета.мк“ во изминатово лето пишуваше за конкретни предлози за развој на велосипедскиот сообраќај, вклучувајќи го и прашањето за изградба на нови патеки за движење на велосипедистите до периферните населби во Скопје.

Извор: Мета.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Путин и Лукашенко во Сочи: Белорусија од „поголемиот брат“ доби кредит во износ од 1,5 милијарда долари

НАЈНОВО

Шукова: Понудата на Ѓорѓиевски беше недобронамерна и омаловажувачка, а извинувањето неискрено и задоцнето

October 14, 2025
Скриншот

Виолината на Ајнштајн продадена за над 1 милион фунти на аукција во Велика Британија

October 14, 2025

Натали Портман од фестивалот во Лион: Лудо е да се зборува за нешто друго освен за славење на мирот

October 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Алиу: Се разгледува можноста за воведување токсиколошки тестови за здравствените работници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гарабаја за мечот Пелистер – Барселона: Барса е една од најдобрите три екипи во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП СО АНАИС – 14 ОКТОМВРИ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Панчо од ДНК

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk